Буквално на руски „закром“ значи ограден простор во житницата за чување брашно и житарки, место каде се чува летината. Метафорично фразата во СССР се користела за богатствата на земјата, што во времињата кога снабдувањето со храна не било стабилно како денес, често се однесувало на стратешките резерви на намирници.
Со оглед на тоа што житото е веројатно најважната намирница, огромните конструкции се правеле на тој начин што во нив се чувале стратешките залихи на скапоцената пченица.
Некои од таканаречените „житни елеватори“ (џиновски автоматизирани силоси) подигнати во СССР постојат и денес.
Еден од најимпресивните силоси што Русија ги има населедено од СССР е подигнат во Јарослављ во 1938 година. Го носеше името „База за житарки број 61“, но во колективната свест на советски луѓе тоа беше едноставно дел од „амбарите на Татковината“.
Огромната компликувана структура опфаќаше шест бетонски силоси.
За земја која наскоро ќе се најде среде најразорниот конфликт во историјата на човештвото, овие стратешки резерви на житарки се покажаа како скапоцен ресурс за снабдување на војниците на фронтот со храна.
Со оглед на стратешкото значење на објектот, силосите исто така беа добро обезбедени. Околу нив патролираше паравоено обезбедување, а на неовластените лица им беше забранет пристап. Често информациите за постоење на вакви места и за нивната точна локација се чуваа како државна тајна.
На почетокот житарките стасуваа во силосите по железнички пат кој водеше директно до нив. Но, до крајот на војната новите количества се носеа со речни бродови. Процесот на товарење и на растоварање на житарките во јарослављскиот „елеватор“ беше механизиран.
Кога во 1991 година се распадна Советскиот Сојуз, „житните елеватори“, вклучувајќи ги и џиновските градби во Јарослављ не беа на списокот на приоритети на новата власт. Без грижа и финансирање, почнаа да пропаѓаат.
Според градската легенда, неколку несреќни посетители се имаат обидено однатре да ѕирнат во џиновските градби, но исчезнале засекогаш. Иако не се знае дали во оваа приказна има вистина, местото е толку морничаво што туристите го избегнуваат во широк лак.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче