Мил Ми-2, рускиот хеликоптер од 60-те кој сѐ уште лета во Латинска Америка

Ми-2

Ми-2

Сергеј Вењавски/RIA Novosti
Во 1965 година Московската фабрика за хеликоптери „Мил“, основана од Михаил Мил, почна со производство на својот Ми-2 во полската фабрика PZL-Świdnik. До 1985 година беа произведени 7200 единици од овој симпатичен хеликоптер, а некои од нив завршија во Мексико, Никарагва, Перу и на Куба.

На овој хеликоптер НАТО му го даде името Хоплит во чест на легендарните старогрчки војници. Најчесто беше во улога на воздушна прва помош (можеше да подигне 4 носила) или се користеше во земјоделието, макар што постоеја и верзии за извидување вооружени со автоматски топ од 23 мм, автоматски пушки или ракети од 57 мм. Исто така хеликоптерот можеше да биде вооружен со четири противтенковски ракети 9К11 Маљутка или ракети Стрела-2.

Овој хеликоптер се користеше пред сѐ во поранешните републики на СССР и Варшавскиот пакт, а и понатаму се користи на постсоветските простори. Северна Кореја, на пример, сѐ уште има голем флота хеликоптери Мил Ми-2.

Патот низ Мексико 

Во 1990-те години мексиканската морнарица почна да набавува руски  авиони и хеликоптери како Мил Ми-2, Ми-8 и Антонов Ан-32Б. Во  303 ескадрила на 1 воено-воздушна база четири Ми-2 се користени во транспортни и спасувачки операции.

Во мексиканската морнарица се користени уште четири единици од овој модел, набавени 1997 година, под шифри од МР-300 до МР-303. Служеа во спасувачки операции и се префарбани во жолто. Подоцна им се дадени имиња од АМХП-140 до АМХП-143 и префарбани во востински камуфлажни сиви нијанси. Во моментов овие хеликоптери не се користат - или се продадени или подарени на музеи.

Никарагва 

Според истражувањето на World Air Forces 2013, Никарагва набавила Мил Ми-2 уште во 80-те години, кога во земјата се водеше граѓанска војна меѓу сандинистичката влада и герилците. Според официјалната интернет страница на Вооружените сили на Никарагва, земјата сѐ уште ги има во својот арсенал овие хеликоптери.

Перу

Перу набави Ми-2 за да се ослободи од инвазијата на скакулци кои нападнаа во 90-те години. Денес се користи за обука на пилоти.

Куба

Според порталот Aeroflight.co.uk, кубанските Хоплити на островот стигнале кон средината на 1980-те и се користеле во 26 транспортен полк.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња