Сликата е симболична
Global Look PressВо рамките на претстојниот меѓународен военотехнички форум „Армија 2018“ што се одржува во Подмосковјето ќе биде отворена изложба на оружја кои во Сирија ги користеле терористите, најави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков.
Како што изјави тој, ќе биде претставен цел спектар на оружје и техника кои се запленети од терористите, меѓу другото и беспилотни летала и импровизирани експлозивни направи.
Военотехничкиот форум „Армија 2018“ ќе се одржи од 21 до 26 август во подмосковскиот парк „Патриот“. Во рамките на форумот ќе бидат организирани повеќе од 150 настани во формат на меѓувладини седници, конференции, тркалезни маси, симпозиуми и брифинзи. Министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу го нарече форумот клучен настан за домашниот одбранбено-индустриски комплекс. На форумот „Армија 2018“ ќе се соберат воени стручњаци од разни земји во светот со цел размена на искуство, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче