Најновото руско борбено возило на пешадијата „Курганец” ќе се појави на форумот „Армија-2018”

Виталиј В. Кузмин

Најновото борбено возило на пешадијата „Курганец” ќе биде изложено на форумот „Армија-2018”. Како што соопшти одделението за информирање и медиуми на Министерството за одбрана на Русија, производителот е подготвен да го претстави најновото возило изработено врз база на средната гасенична платформа „Курганец-25”.

Борбеното возило на пешадијата, проектирано од рускиот концерн „Тракторние заводи”, е наменето за превоз на жива сила. Во основата на неговата конструкција лежи модуларен принцип, што значително го поедноставува и поевтинува креирањето на новите возила и нивното одржување. Моторот и погонскиот систем се наоѓаат во предниот дел на возилото, додека во задниот дел се наоѓа десантниот оддел и рампата која на војниците им овозможува да извршат десант заштитени од самото возило. Екипажот го сочинуваат три војници, додека десантниот оддел може да прими осум припадници на војската. Тие се заштитени со комбинираниот оклоп на возилото кој се состои од челик и керамика.

Борбеното возило на пешадијата од оружје поседува автоматски топ 2А42 калибар 30 милиметри со 500 гранати во борбениот комплет, митралез „Калашников“ калибар 7,62 милиметри со две илјади куршуми и четири лансирни единици на противтенковскиот ракетен систем „Корнет“ поставени на двете страни на куполата во конфигурација 2х2. Со борбениот модул можат да управуваат нишанџијата и командантот на возилото, но тоа може и самостојно да гаѓа користејќи современи компјутерски технологии. Борбеното возило на пешадијата има и камери за набљудување на околниот терен.

„Курганец“ ќе биде изложен на отворено на форумот „Армија-2018”.

Прочитајте повеќе: Вооружени до заби: Какво оружје Русија добива наредните 7 години?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња