„Очи в очи“ со супертенкот: ОБТ Т-14 „Армата“ ќе биде отворен за сите посетители на форумот „Армија-

Слобо

Перспективниот руски основен борбен тенк (ОБТ) Т-14 на платформата „Армата“ ќе им биде прикажан на посетителите на форумот „Армија-2018“ кој ќе се одржи на територијата на подмосковскиот парк „Патриот“ од 21 до 26 август 2018 година. Ова го соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана.

„Тенкот ќе биде поставен на отворениот дел од саемот, а нему ќе можат да му пријдат сите посетители“, истакнаа од министерството.

„Армата“ претставува универзална тешка гасенична платформа на основа на која може да се направи основен борбен тенк, борбено возило за пешадијата, тежок оклопен транспортер и цела низа други борбени машини за различни намени.

ОБТ Т-14 кој е направен на база на шасијата на „Армата“ за првпат на публиката ѝ беше прикажан на големата Парада на победата која се одржа на 9 мај 2015 година во Москва. Новиот тенк доби сосема нов систем за управување со огнот, непробоен оклоп, изолирана оклопна капсула за тенковски екипаж. Претходно Дмитриј Рогозин рече дека првата партија од овие тенкови ќе влезе во фаза на експериментална експлоатација од 2019 година.

ОБТ Т-14 „Армата“ практично според сите карактеристики ги надминува сите тенкови кои сериски се произведуваат во Русија, но и во странство. Неговата главна борбена карактеристика е навистина високиот степен на заштитеност кој се состои од пасивна и од активна оклопна заштита која според својот квалитет во моментов нема аналог на ниту еден тенк кој се наоѓа во оперативна служба, потоа одлична подвижност и проодност, голема огнена моќ. Основното вооружување на тенкот е нова генерација на тенковски топ со калибар од 125 милиметри, со перспективна муниција и дигитализиран систем за управување со огнот. Сите „работни“ места на кои се наоѓаат членовите на екипажот се покриени со видеокамера и со друга сензорика. Исто така, за време на неговата изработка користена е технологија за редукција на топлинската и на радарската рефлексија, со што тенкот се здоби со високи „стелтни“ карактеристики.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња