Авион на водороден погон ќе биде претставен во август на форумот „Армија-2018”

МАИ-223 „Китенок”

МАИ-223 „Китенок”

МАИ
Пробниот модел на леталото со погон на водородно-кислородна горивна ќелија ќе биде претставевн на Меѓународниот военотехнички форум „Армија-2018”. Ова за агенцијата „Военное.РФ“ го соопшти Институтот за проблеми на хемиската физика на Руската академија на науки.

Првично беше планирано авионот двосед МАИ-223 „Китенок” да добие водороден помошен погонски систем. Но тестирањата се одложени и тоа е откажано. Сега е планирано овој погонски систем да биде главен мотор на новиот авион двосед од средна големина кој е специјално проектиран за тоа. Истиот мотор се разгледува и како можност за поголемите авиони. Како што соопшти Институтот за проблеми на хемиската физика, доколку сѐ оди според планот, пробниот модел ќе биде претставен на форумот „Армија-2018”.

Работата на проектот почна пред неколку години. Во 2015 година научниците од Институтот за проблеми на хемиската физика извршија неколку тестирања на летање на беспилотни апарати со погон на водородно-кислородни горивни ќелии. Како што изјави директорот на институтот академик Сергеј Алдошин, беспилотните летала со вакви горивни елементи можат да се наоѓаат во воздух околу 40 часа, сигурни се и можат да функционираат во суровите руски временски услови, вклучувајќи ги и условите на крајниот север на Русија. Истата година беспилотно летало беше претставено на воздухопловниот саем МАКС, а потоа тестирано и во Сирија.

„Електричниот авион” е авион со единствен централизиран систем на управување и снабдување со енергија кој ги задоволува сите потреби од енергија на леталото. Новата структура на енергетски извори обезбедува оптимално управување со енергијата на авионот.

Погледнете како се произведуваат руските беспилотни летала

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња