Нова бесшумна снајперска пушка ќе биде претставена на форумот „Армија 2018“

Виталиј В. Кузмин

На воениот форум „Армија 2018“ кој во август се одржува во подмосковскиот град Кубинки ќе биде претставена нова снајперска бесшумна пушка, развиена на база на МЦ-116М калибар 12,7 мм.

Според претставникот на Конструкторското биро „Шипунов“, кое ја разви новата пушка, на изложбата во Кубинки ќе бидат претставени неколку модификации на пушката МЦ-116М за муниција со различен калибар: 7,62 X 51, 7,62X67 и 8,6 X70 мм. Освен тоа, ќе можат да се видат и верзии на пушката за подзвучна муниција со калибар 7,62 мм и за нечујни куршуми со калибар 12,7 мм. Сите модификации ќе имаат единствен механизам за истрелување, но различни цевки.

Снајперската бесшумна пушка МЦ-116 со голем калибар ќе ја користат припадниците на специјалните единици за дејство во урбани услови. Дури ни најквалитетните панцирни елеци нема да можат да заштита од истрел истрелан од 300 метри. Големата тежина на куршумот и големиот калибар од 12,7 мм ја компензираат малата брзина и ја задржуваат ударната моќ. Бесшумноста се постигнува благодарение на барутните гасови кои остануваат во чауре, додека куршумот во каналот на цевката го потиснува специјален клип. Затоа нема ни пламен, ни бучава.

МЦ-116М e руска снајперска пушка створена врз база на спортската пушка МЦ-116. Развиена е 1997 година, тешка 6,5 килограми без муниција и нишан. Максималниот дострел изнесува до 800 метри.

Погледнете како најпрецизната на светот руска снајперска пушка „Сумрак“ пробива леден ѕид

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња