На видеоснимката што ја објави телевизиската станица RT на руски се гледа како „Мста-С“ прецизно се движи по улиците на Москва, доаѓа до главниот плоштад во државата и минува покрај Кремљ следена од блицовите на фотоапаратите.
2С19 или „Мста-С“ е советска и руска самоодна хаубица калибар 152 мм. Развиена е во Уралскиот завод за транспортна машиноградба во периодот од 1976 до 1989 година. Произведени се повеќе од 720 парчиња од овие хаубици.
„Мста-С“ е наменета за уништување на тактички нуклеарни средства, артилериски и минофрлачки батерии, како и различна воена техника – од тенкови, противтенковски средства, системи за ПВО и ПРО, до командни пунктови и жива сила на противникот. Телото на хаубицата е оклопно. Нејзината максимална брзина на пат достигнува 60 километри на час.
Самоодната хаубица „Мста-С“ е редовен учесник во воените паради на Црвениот плоштад, така што ќе се појави и утре на прославата на 73-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче