Покрај тоа, наведувањето на проектилите на целта кај овие хаубици сега е попрецизно.
„Орудието сега може истовремено да погодува цели со неколку проектили, истрелани со различни траектории и различни боеви глави. Благодарение на тоа се намалува времето кое хаубицата го поминува на огнената позиција“, се вели во соопштението на министерството.
Во процесот на модернизација се сменети и карактеристиките на самоодната хаубица 2С19М2 „Мста-С“. Војникот кој управува со хаубицата сега има компјутер кој му овозможува брзо да ги добие податоците за состојбата на моторот. Покрај тоа, хаубицата сега има и нови дигитални средства за врска.
Оклопното самоодно артилериско орудие „Мста-С“ (според класификацијата на НАТО „Farm“) е воведено во експлоатација 1989 година, има 5 членови на екипажот, тежи 42 тона, развива брзина од 60 км/час, има топ калибар 152 мм и може да користи фугасно-распрскувачки проектили, како и реактивни проектили кои создаваат електронски пречки и високопрецизни наведувани проектили „Краснопол“. Максималниот дострел на хаубицата е 29 километри.
Од непријателско високопрецизно оружје е заштитена со системот „Накидка“. Тоа е синтетички термоизолациски материјал кој ги апсорбира радио-сигналите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче