Ноќна проба за Парадата на Победата на Црвениот плоштад
Александар Вилф/Sputnik„На деветти мај на претстојната Парада нѐ очекуваат неколку новитети. Пред сѐ тоа е борбената машина за поддршка на тенкови БМПТ „Терминатор”, ЗРК „Тор-М2”, како и оклопните автомобили „Тајфун-К” со погон 4х4“, нагласи Саљуков.
Според неговите зборови, првпат во колоната на Црвениот плоштад ќе се најдат оклопните возила ВПК-233136 „Тигар”, „Урал-432009” и блиндираниот автомобил „Патруљ”, кој влегува во составот на механизираната единица на Росгвардија.
Ќе има и многу стари познаници, како што се тенковите „Армата”, БМП „Курганец” и БТР „Бумеранг”, самоодните хаубици „Мста-С”, ЗРК „Бук-М2” и „Панцир-С1”, ракетните системи „Искандер-М” и „Јарс”.
Над Црвениот плоштад ќе прелетаат стратешки ракетоносци Ту-160, Ту-95МС, далекулетни бомбардери Ту-22М3, танкери Ил-78, военотранспортни авиони Ан-124 и Ил-76МД, ловци Су-35С, Су-30СМ, МиГ-29, МиГ-31, фронтовски бомбардери Су-34 и Су-24М, јуришници Су-25, како и хеликоптери Ми-26, Ми-8, Ми-28Н, Ка-52 и Ми-24П.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче