Ан-124
Ајнур Казимова/WikipediaВовњанко се пожали дека работата над нови авиони во Украина престанала уште во 2005 година, а старите модели не се прават од 2015, пренесува РИА „Новости“. За последниве 12 години во земјата се направени неколку таканаречени авиони-демонстратори Ан-178 и Ан-132Д, модификацијата Ан-148 и Ан-26, првпат произведени пред 15-50 години. А тие авиони заостануваат зад современите странски модели кои се произведуваат сериски и се продаваат во целиот свет.
„Традиционалните пазари, а посебно Русија, за авионите „Антонов“ се изгубени, а нови пазари не се наоѓаат“, вели поранешниот заменик-главен конструктор на украинското претпријатие.
Вовњанко ја критикуваше и кадровската политика на претпријатието, велејќи дека топ-менаџерите се луѓе кои имаат искуство во производството на автомобили и трактори, а не на авиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче