Населението на Поволжје вознемирено од блесокот на ракета „Топол“: помислиле дека е НЛО

«ВКазани Поймут»/vk.com
Се покажа дека спиралната светлина потекнува од тестирањето на ракета „Топол“

Жителите на Казањ, Ростов, Чебоксари и Самара видоа спирална светлина на небото. На социјалните мрежи се појавија фотографии од објект на ноќното небо кој емитува бела светлина, потоа почнува да прави кружни движења и исчезнува.

Локалните весници ја истакнуваат сличноста на необичната светлина на небото со комета и јавуваат дека појавата можела да се види ширум Поволжјето. Некои локални жители успеаја да го фатат неидентификуваниот објект на видео-снимки.

Многумина од локалното население врз основа на оваа појава исконструираа теорија за НЛО, планетата Нибиру и лансирање на сателит.

Се покажа, меѓутоа, дека на 26 септември од полигонот „Капустин Јар” во Астрахањската област беше лансирана интерконтинентална балистичка ракета „Топол”. Според зборовите на раководителот на планетариумот во Омска Владимир Крупко, населението го видело на небото лансирањето на „Топол” и на снимките може да се види „раздвојувањето на степените на ракетата“.

Во 2015 година ракета „Топол” беше лансирана од полигон недалеку од Омск. Тогаш жителите на градот исто така објавија слични видео-записи со светлина на небото.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња