Русија планира во јули од космодромот Бајконур да ја лансира ракетата носач „Сојуз-2-1а“ со биосателитот „Фотон-М“, како и уште еден транспортен брод „Прогрес М-24М“ на Меѓународната вселенска станица, пренесува Роскосмос.
„Фотон-М“ е наменет за експерименти во областа на вселенските технологии, производство на материјали и биолошки препарати во интерес на различни индустриски гранки и науки.
Вселенскиот брод „Прогрес М-24М“ ќе пренесе до Меѓународната вселенска станица 2,5 тони продукти: храна, кислород, гориво, опрема за научни експерименти, средства за медицинска заштита и пакети за членовите на екипажот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче