2С5 „Гиацинт-С“
Виталиј Анков/RIA NovostiСо цел значително зголемување на борбената способност на својата артилерија, руското Министерство за одбрана овој месец ја нарача првата серија супер-современи хаубици „Коалиција-СВ“ калибар 152мм.
Самоодната хаубица „Коалиција-СВ“ е проектирана да ги замени самоодните хаубици 2С19 Мста-С кои се наоѓаат во состав на руските артилериски единици уште од 1989 година. Ова исклучително орудие поседува хаубичка цевка калибар 52, додека самиот нејзин калибар е ист како и кај Мста-С (калибар 152 мм). За разлика од својот претходник, „Коалиција-СВ“ е опремена со исклучително современ механизам кој значително го амортизира трзнувањето на цевката при истрелувањето на граната.
Она што е можеби и најважно е брзината на гаѓање на оваа хаубица. Според производителот, „Коалиција-СВ“ може да истрела дури 16 гранати калибар 152 мм за само една минута, што е значително подобро од директните конкуренти. Покрај класичните разорни гранати, оваа хаубица може да гаѓа и со високопрецизна муниција од типот „Краснопол“, која се наведува на целта со помош на сателит. Претпоставките се дека првата „Коалиција-СВ“ нема да влезе во оперативна употреба пред 2020 година.
Во текот на Студената војна, Москва и Вашингтон вложуваа голем труд во развојот на артилериски системи кои можеа да истрелуваат тактички нуклеарни проектили на боиштето. Во тој поглед повеќе успех имаше руската/советска воена индустрија.
2С7 „Пион“
Самоодната хаубица 2С7 „Пион“ поседува основно оружје со калибар 203 мм. Нејзиниот борбен комплет изнесува само 4 проектили, што е исклучително мал број кога се споредува со останатите артилериски системи. Меѓутоа, планирано е ова да бидат нуклеарни проектили со исклучително голема деструктивна моќ, со подоцнежни тешки последици поради радиоактивното зрачење. Оваа хаубица е проектирана да уништи непријателски цели на далечина и до 37,5 км.
„По првите нуклеарни проби кои успешно завршија, научниците преминаа на следната фаза на развој на ова оружје кое подразбираше примена на оваа технологија на речиси сите типови познато вооружување, вклучувајќи ги и тенковските проектили. Меѓутоа, утврдено е дека ваквите проектили не се толку ефикасни затоа што произведуваа радиоактивни облаци кои неконтролирано се ширеа по целиот фронт, уништувајќи туѓи, но и свои војници“, истакна за медиумскиот сервис Russia Beyond Алексеј Рам, воен аналитичар на весникот „Известија“.
Поради оваа причина основната намена на оваа хаубица е променета, така што наместо неефикасните нуклеарни проектили се врати на стандардната конвенционална муниција. Меѓутоа, иако деструктивната моќ на конвенционалните гранати во однос на нуклеарните е неспоредливо послаба, и со обични гранати ова средство важи за едно од најсилните артилериски орудија на ХХ век.
2С5 „Гиацинт-С“
2С5 „Гиацинт-С“ е уште една советска иновација која е наменета за истрелување тактички нуклеарни проектили. Меѓутоа, за разлика од претходно споменатиот „Пион“, ова орудие е опремено со хаубица калибар 152 мм кое овозможува дејство до 28 км. Ова му обезбеди да има значително поголем борбен комплет кој изнесуваше 30 гранати од различен тип (разорна, касетна, чадна, запалив). Брзината на гаѓање изнесуваше 6 гранати во минута, а во текот на дејството хаубицата беше следена од возило за снабдување со муниција.
2С5 „Гиацинт-С“ и покрај тешкото вооружување е опремен и со митралез калибар 7,62 мм кој е инсталиран на врвот на куполата. Покрај тоа, екипажот е вооружен со неколку автоматски пушки вклучувајќи и РПГ, но и преносен противвоздушен ракетен систем „Стрела“ за заштита од напади од воздух.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче