Бродот од Проектот 18280 беше дизајниран во петербуршкото Централно коснтрукторско биро „Ајсберг“. Изградбата во бродоградилиштето „Севернаја верф“ започна во 2015 година, а пловилото беше спуштено во вода во мај минатата година. И покрај предвидувањата дека тестирањата ќе започнат во декември, роковите беа поместени затоа што се доцнеше со изградбата.
„Иван Хурс“ е првиот сериски брод од Проектот 18280, кој се гради за Воената морнарица на Русија. Главниот „шпионски“ брод од овој проект „Јуриј Иванов“ влезе во состав на Северната флота во 2015 година.
Должината на овие бродови изнесува 95 метри, ширината 16, депласманот 4000 тони, должината на пловидба 8 илјади милји при брзина од 16 јазли. Екипажот се состои од 131 морнар.
На бродот „Иван Хурс“ има речиси 300 луѓе, членови на екипажот и фабричкиот тим.
Во текот на наредниве месец дена тие ќе се занимаваат со испитување на работата на главниот енергетски уред, системот за управување, механизмите и електронската опрема, како и со тестирање на маневарските можности и брзината на движење и со палубната опрема и сл.
По успешно завршените фабрички тестирања, се очекува тестирање од државната комисија.
Бродот го доби своето име во спомен на вицеадмиралот Иван Кузмич Хурс, кој даде огромен придонес за развојот на разузнавачката служба на советската морнарица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче