Сите работат како да им е последен пат, зашто навистина е така. Извор: Flickr Sochi 2014
Утринскиот состанок започнува со зборовите: „Ова ни е последен ден, ве молиме, не правете грешки, зашто утре нема да има кој да ги исправа“. Колегите за кои ова не се први Олимписки игри, почнуваат да се шегуваат и да си спомнуваат дека обично еден час по завршувањето на последниот натпревар од канцелариите започнуваат да ја изнесуваат целата канцелариска опрема, па затоа доколку оставите нешто на масата, тоа значи дека повеќе нема да го видите тој предмет. Сите се обидуваат да бидат насмеани и прибрани, но во зборувањето веќе се чувствуваат ноти на започната носталгија и на немање желба да се напушти овој настан.
Сите работат како да им е последен пат, зашто навистина е така. Фотографите стануваат малку похрабри, со обид да се избере интересен ракурс, поминувајќи онаму каде не смее да се помине. Новинарите стануваат поупорни, прашувајќи ги спортистите за многу посериозни работи, за чиј одговор треба да се размисли, поради што победниците треба со носат на прес-конференција и на допинг-контрола со сила. Волонтерите исто така добиваат храброст и во глутница ги ловат среќните победници за да се фотографираат со нив и за да земат автограми – последен ден е, денес сè е дозволено. Понекогаш им се придружуваат и организаторите.
Остануваат последните работни часови, а пред нас е слободата и одморот и може да се надмине сè. Кога во прес-центарот случајно се вклучи пожарната сигнализација, никој дури не се ни заврти. Исто како и во следниот половина час, кога сирената виеше, а волонтерите од прес-центарот насекаде бараа батерии за уредот со кој таа се исклучува. Никој дури и не се помрдна: така е, зошто да се одзема внимание?
Кога ќе се појави некоја слободна минута, главна тема за разговор стануваат плановите за иднина. Некој раскажува дека ќе остане на Параолимписките игри, некој вели дека ќе си замине дома, а на ова следува логично прашање: „А, каде ти е домата?“, на кое секој би сакал да одговори дека домата му е тука, но треба да се сетиме дека постои уште и реален живот, кој се наоѓа некаде таму, далеку од Црното море.
По завршувањето на натпреварите сите правила кои постоеја ја губат својата сила. Олимпискиот снег, светињата на објектите од планинскиот дел, се претвора во арена за борба со топки од снег, а полињата за натпревар во простор за други зимски игри, како што е на пример, обидот да се лизнеш од високата планина на парче од она што некогаш претставувало заштитна ограда. На стадионот презентерот со својата традиционална интонација читаат некаков смешен поздравен говор. По целата службена зграда се чувствува миризба на алкохол, а од канцелариите од време на време се слуша звук на шише шампањ кое се отвора. Сите се прегрнуваат и си честитаат еден на друг, без разлика на статусот и на должноста.
Денес е дозволено сè. Денес е последен ден.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче