Пушков: Балтичките земји и Полска се „тројанскиот коњ“ во ЕУ

Претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума на РФ Алексеј Пушков ги нарече балтичките земји и Полска „тројански коњ“ кој ги поткопува вредностите на Европската унија за туѓ интерес, пренесува ТАСС.

Претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума на РФ Алексеј Пушков ги нарече балтичките земји и Полска „тројански коњ“ кој ги поткопува вредностите на Европската унија и тоа го прави за туѓ интерес.

„Токму овие земји, всушност, со поддршка од САД го претставуваат „тројанскиот коњ“ кој ги менува  ставовите на Европа не во склад со европските, ами со туѓи интереси“, изјави Пушков денеска во текот на расправата во парламентот, пренесува ТАСС.

Тема на расправата беше „Русија – ЕУ: кому му одговара прекин на стратешкото партнерство?“ „За жал, ние сега си немаме работа со Европа на Де Гол, туку со Европа на Черчил и Тони Блер, ако можам да кажам така“, објасни Пушков.

„Тоа е Европа која во значителна мера е потчинета на англосаксонскиот принцип, кој во својата политика спрема Русија на необичен начин зависи од група агресивно настроени источноевропски држави.  Мислам на балтичките земји, Полска, Романија и некои други земји кои речиси им го диктираат на големите европски земји односот спрема Русија“, истакна Пушков.

Претседателот на меѓународниот комитет на Државната дума се запраша „како дојде до оваа аномалија“. „Сметам дека во свое време балтичките земји и Полска беа итно зачленети во НАТО и ЕУ помеѓу другото и за да ја одиграат оваа улога“, заклучи Пушков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња