„Калашников“ ќе претстави нов модел на 9 мај

Новиот модел на автоматската пушка „Калашников“ ќе биде претставен на 9 мај, пренесува РИА „Новости“.

Новиот модел ќе биде претставен на 9 мај, пренесува РИА „Новости“.

Автоматите АК-74М опремени со новата надградба првпат ќе бидат претставени на парадата на Победата во Москва.  

„Концернот „Калашников“ со првичната иницијатива разви универзална надградба за модернизација на автоматите на Калашников (АК), овозможувајќи 1,5 пати да се зголеми ефикасноста на борбената примена на оружјето според критериумот на „фреквенцијата на уништување" на далечина до 300 метри во секое време од денот и во различни климатски услови“, изјавија од концернот.

Во моментов привршува пуштањето во употреба на сериското производство на надградбата.

Што се однесува до другите модели на автоматски пушки, кон крајот на април беше објавено дека руската армија во иднина ќе ја користи и АК-12 на концернот „Калашников“ и моделот на ковровскиот машински завод АЕК-971, во зависност од воената специјалност.

Претходно беше објавено дека АК-12 ќе бидат ставени во употреба во армијата во 2016 година.

Заменик-министерот за одбрана Јуриј Борисов информираше дека за автоматска пушка за опремата „Ратник“ Воин" е избрана токму АК-12.

Сепак, во декември минатата година беше објавено дека дел од опремата на рускиот војник на иднината „Ратник“ ќе бидат истовремено вклучени две автоматски пушки - АЕК-971 (на „Дегтјарев“) и АК-12 (на „Калашников“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.