5 факти за најголемиот руски борбен брод

Андреј Лижик / РИА Новости
САД имаат најголем флота од авиони на светот. Русија, пак, е на прво место по бројот на најголеми борбени крстосувачи од класата „Киров“.

1. Токму поради нив Америка ги враќа во вооружувањето борбените бродови од класата „Ајова“, кои претходно беа повлечени од служба.

„Ајова“ во Панамскиот Канал / AP„Ајова“ во Панамскиот Канал / AP

Администрацијата на Реган не можеше да си дозволи Москва да ја има најголемата борбена поморска флота на светот.

Од 1981 до 1988 година американските ВМС вложуваат над 1.7 милијарди американски долари за да ги модернизираат и да ги вратат во функција овие воени бродови од ерата на Втората светска војна. Овие обиди сепак не се толку успешни како што очекуваше претседателот, и четирите борбени брода од класата „Ајова“ се претвораат во скап товар за Пентагон.

Тие се повлечени од служба по крајот на Студената војна и денес служат како морски музеи во САД.

2. На линеарниот крстосувач-ракетоносец „Петар Велики“ од класата „Киров“ има голем број артилериски системи и ракети. Тој носи и многу други оружја.

 Global Look Press Global Look Press

Неговата разурнувачка моќ се должи на 20 противбродски ракети со голем дострел SS-N-19 „Shipwreck“ (според класификацијата на НАТО).

Овие чудовишта достигнуваат тежина од 7.5 тони (со 700 килограми боеви глави) и можат да уништуваат цели кои се наоѓаат на растојание до 17 километри.

Овој вооружен систем е првиот кој добива елементи на вештачката интелигенција.

Како функционира?

Штом одреден број реките „Shipwreck“ се истрелани од борбениот крстосувач, тие почнуваат да дејствуваат заедно како тим и да летаат заедно до целта на растојание од неколку милји во борбена низа со суперсонична брзина. Ракетите „Shipwreck“ прво нанесуваат удари по антибалистичката одбрана и отвораат пат за војниците кои доаѓаат по нив.

3. Противвоздушниот одбранбен систем на „Петар Велики“ е сличен на стационарниот кој е користен при одбрана на руската престолнина Москва пред неколку години.

 ZUMA Press/Global Look Press ZUMA Press/Global Look Press

Тој има пакет од 96 вертикални ракети С-300 ФМ „Форт“, кои можат да уништуваат крилести и противбродски ракети на стотици милји. Дури и ако се насочени кон бродот со брзина од неколку километри во секунда.

Ако, пак, непријателските проектили, борбени авиони, бомбардери и слично сепак на мистериозен начин го преминат С-300 ФМ, тогаш морската верзија на ракетен систем „Тор“ влегува во играта и ги уништува останатите цели.

4. Може да се бори против непријателот и од најоддалечените делови на морињата и океаните.

Андреј Лужик / РИА Новости Андреј Лужик / РИА Новости

Системот веќе може да води и борба со подморници. „Петар Велики“ има нови хелиодроми кои можат да оперираат со Ka-25 или со Ka-27 хеликоптери за борба со подморници. Тие можат да бидат вооружени со торпеда и длабински празнења за да ги уништат непријателските подморници.

5. „Циркон“, „Оникс“ и „Калибр“

РИА НовостиРИА Новости

Системот е на пат да ги добие првите хиперзвучни противбродски ракети „Циркон“, како и најновите суперсонични крстосувачки проектили Р-800 „Оникс“ и ракетите „Калибар“, кои можат да уништуваат цели на 2.500 километри од бродот. Тоа ќе се случи при модернизацијата во 2019-2022 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња