Во Оренбург формиран артилериски дивизион со голема огнена моќ

Слободан Ѓукиќ
Во рамките на 2 гардиска комбинирана армија, во состав на посебната артилериска бригада е основан нов артилериски дивизион кој ќе биде опремен со минофрлачи 2С4 „Туљпан“, кои можат да истрелуваат тактичко нуклеарно оружје.

Во артилериската бригада на 2 гардиска комбинирана армија, чиј штаб се наоѓа во Самарската област, одржано е првото постројување на војниците кои ќе го сочинуваат новиот артилериски дивизион. По тој повод е одржано церемонијално примопредавање на техниката која ќе се најде во состав на новоформираниот артилериски дивизион. Ова на новинарите денеска им го соопшти командантот на Втората гардиска комбинирана армија генерал-мајор Роман Бердников.

„Денес добивме вкупно осум тешки самоодни минофрлачи 2С4 „Туљпан“*, кои ќе влезат во оперативниот состав на артилериската бригада на Втората гардиска комбинирана армија. Формирањето на еден ваков силен артилериски дивизион значително ќе ја зголеми огнената моќ на артилериската бригада, како и на целта армија во целина“, истакна генерал-мајор Роман Бердников, пренесува РИА „Новости“.

2С4 „Туљпан“ е советски минофрлач со голем калибар (240мм) кој поради својата карактеристична уфрлувачка траекторија на мината е наменет за уништување на утврдени цели на непријателот кои не се достапни за другите типови артилериско оружје. Борбениот комплет на овој минофрлач се состои од 20 разорни мини со поединечна маса од 134кг, како и десет активно-реактивни мини со зголемен дострел. Вториве имаа маса од дури 230 кг. Ефективниот дострел на минофрлачот со обични мини изнесува 9000 метри, додека со активно-реактивна мина дострелот достигнува речиси 20000 метри. Покрај мини со разорни боеви глави, 2С4 „Туљпан“  може да истрелува и мини со касетни боеви глави, па и наведувани суперпрецизни мини од типот „Смељчак“ кои се особено ефикасни против минијатурни-точкести цели. Благодарени на извонредната огнена моќ на ова орудие, Русите ја развија за 2С4 „Туљпан“ и специјалната запалива мина „Сајда“, како и неутронската муниција „Смола“ и „Фата“. Погоре споменавме дека овој минофрлач може да дејствува и со мини кои имаат тактичка боева глава со сила од 2 килотони, која обично се става на активно-реактивен проектил.

Втората гардиска комбинирана армија претставува основен оперативно-стратегиски состав кој се наоѓа во рамките на Централниот воен округ.

Формирана е на 17 април 2001 година и распоредена на просторот на Оренбуршката, Самарската и Пензенската област. Се состои од три моторизирани бригади, ракетна бригада, артилериска бригада, бригада за ПВО, бригада за логистика, командна бригада со приштапски единици, артилериско-ракетен полка, полк за АБХО, инжинериски полк, баталјон за врска, баталјон за врска со сателити и цела низа помали единици за општа и специјална намена. Главниот штаб на Втората гардиска комбинирана армија (2гОА) се наоѓа во градот Самара.

* Веројатно се работи за модернизирана верзија на овој минофрлач кој вклучува нов систем за врска како и осовременет нишански и навигациски комплекс. Целосниот формат на оваа модернизација, поточно сите негови елементи претставуваат воена тајна.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња