Оружје за специјални операции: Диверзантски минофрлач 2Б25 „Галл“

defendingrussia.ru/wikipedia.org
Придушеното оружје веќе не е изненадување кога станува збор за пиштоли, пушки, автомати игри, снајперски пушки. Речиси секојдневно можеме да ги видиме припадниците на специјалните единици во текот на спроведувањето на антитерористичките операции употребуваат придушено оружје. Сите овие пушки и пиштоли во својата стандардна опрема имаат и придушувачи. Сепак, малку е невообичаено кога ќе се спомене дека постои и придушен минофрлач.

Конструирањето на придушен минофрлач во значителна се разликуваше од конвенционалната технологија во изработката на придушено оружје. Пред сѐ во однос на функционалноста. Во секој случај, поседувањето нечујно артилериско средство способно со 82-милиметарски гранати да го опсипе беспомошниот непријател во дијаметар поголем од еден километар им е многу интересно на припадниците на елитниот спецназ кои дејствуваат длабоко зад грбот на непријателот.

Незаменливо средство во борби дејствија

Придушениот минофрлач 2Б25 „Галл“ е развиен од руската компанија ЦНИИ „Буревесник“. Според својот концепт претставува уникатно решение во планетарни размери. На проект за развој на овој минофрлач претходеше детална анализа на тактичката примена на минофрлачот како оружје, врз основа на искуството од советската воена операција на територијата на Авганистан. Беше утврдено дека минофрлачот сѐ уште има исклучително големо значење во борбените операции, т.е. дека се работи за незаменливо оружје кога треба ненадејно и прецизно да се нападне непријателот, со мини кои летаат со уфрлувачка патека и кои имаат ефикасен фрагментациски ефект врз живата сила на непријателот. Минофрлачите беа мошне успешно применувани од извидувачко-диверзантските групи на спецназ, но и од слични формации создадени од страна на авганистанските муџахедини во текот на ненадејните, „шок“ напади врз противникот. Лесен за транспорт, едноставен за манипулација и одржување, едноставна обука, релативно висока брзина на стрелба (20 и повеќе фрагментацско-разорни мини во минута) претставуваат збир на елементи кои одат во прилог на фактот дека се работи за многу ефикасно и убојно оружје.

Десантно-јуришните борбените состави на советската војска често користеа минофрлачи како основно средство за огнена поддршка. Ова беше изразено толку масовно што дури и тактичката формација со јачина на вод имала еден до два минофрлачи во својот состав. Приближно, формација со јачина на чета во својот состав имаше 4  минофрлачи 2Б14 „Поднос“, додека десантно-јуришен баталјон имаше цела батерија потешки 120-милиметарски минофрлачи 2Б11 „Сани“.

Кога, на пример, десантно-јуришниот баталјон (кој беше дел од 56-та десантно-јуришна бригада) одеше во напад, минофрлачите создаваа толку голема концентрација на смртоносен оган што воопшто не беше потребна помош од потешка артилерија или евентуална поддршка од воздух.

Минофрлач специјализиран за диверзантско дејство

Советите првпат конструираа придушен минофрлач уште во далечната 1981 година, кога фабриката ГНИАП направи експериментален минофрлач со калибар 60 мм. Од останатите минофрлачи се разликуваше во поглед на поинаков облик на основната цевка и борбената подлога. Без оглед на одличната идеја, овој проект не беше целосно реализиран и беше откажан. Дури во 2011 година руската компанија „Буревесник“ ја претставува својата верзија на придушен минофрлач, но овој пат со калибар 82 мм. Оружјето е конструирано за потребите на мобилни диверзантски групи. Се работеше за концептот 2Б25 „Галл“.

Клучната предност на овој минофрлач, покрај малиот габарит, е примената на фрагментациската гранати 3ВО35Е. Придушеноста на истрелот се постигнува со заклучување на барутните гасови во специјалниот додаток на мината, при што се неутрализираат карактеристичниот пламен, чадот и бучавата што се создаваат ви текот на постапката за истрелување на мината. Значи, покрај звучниот ефект се неутрализира и евентуалната демаркација на огнената положба. Истиот механизам на истрелување го има и придушениот пиштол ПСС „Вул“, кој е специјално проектиран за потребите на единиците за посебни намени.

Куршумот СП-4, кој го користи тој пиштол, има сличен принцип на работа како и артилериската граната 3ВОЕ35Е која се истрелува од минофрлачот 2Б25. Во случај на пиштолот тоа овозможува без бучава и прашина да се неутрализира цел на растојание и до 50 метри, додека артилериските посади вооружени со придушениот минофрлач  може истото да го направат на растојание од 300-400 метри до целта, а непријателот воопшто и да не почувствува дека над главата му лета мина. Патем, самата граната 3ВО35Е што ја користи овој минофрлач има многу интересен дизајн по кој е препознатлива.

Модернизацијата предвидува воведување на поширок спектар на специјална муниција

Неодамна беше презентирана и програмата за модернизација на овој минофрлач. Експертите сметаат дека, покрај подобрување на подлогата на минофрлачот и средствата за негов подобар транспорт, ќе се развие и поширок спектар на минофрлачки гранати со поинакви типови на боеви глави. Борбената употреба на модернизираниот „Галл“ не само што ќе овозможи поголема слобода на дејствување во тактиката на мобилните диверзантски групи, но, исто така и ќе ја способноста тие да што поблиску да му пријдат на непријателот и нечујно да го уништат од непосредна близина, од каде е невозможно да се промаши целта. Модернизацијата, исто така, ќе осигура и намалување на бројот на војници кои го опслужуваат овој минофрлач на само двајца војници. Неговата тежина од „цели“ 13 кг и малите габарити ќе овозможат транспорт во класични борбени ранци кои се носат на грб. Странските пандани, развиени во Европа, имаат сличен принцип на работа, но нивната маса е значително поголема. Од друга страна, нивната муниција е послаба од руската 3ВО35E. Притоа „Галл“ од транспортна позиција се префрла во борбена положба за помалку од 30 секунди – што е исклучителна карактеристика за помалите состави на командоси кои оперираат во длабочината на непријателскиот фронт, практично зад грбот на непријателот.

Воените инженери кои работат на развојот на овие средства потсетуваат дека развојот на специјална муниција која ја намалува бучавата во перспектива ќе биде прилагодена и за употреба на посериозни артилериски системи. За тоа, секако, постои техничка можност, но е дискутабилна тактичката употреба на овие системи затоа што оваа технологија е наменета исклучиво за потребите на специјалните високомобилни борбени единици кои изведуваат операции кои вклучуваат атентати и ненадејни препади длабоко во позадината на непријателот. Тешко е да се замисли дека на самоодна хаубица, како што е, на пример, „Коалиција“ и која дејствува на растојание од 50 км или повеќе, ѝ е потребен придушен истрел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња