Пред нивното распоредување во оперативните артилериски единици на руската војска, овие минофрлачи ја поминаа генералната проверка на специјалната комисија од Министерството за одбрана на Русија.
Како што соопшти ТВ-каналот „Ѕвезда“, овој уникатен минофрлач калибар 240 мм, доби напреден пакет на модернизација кој вклучува нов систем за врска и модернизиран нишански и навигациски систем. Целосниот формат на оваа модернизација, поточно, сите негови елементи, претставуваат воена тајна.
2С4 „Лале“ е советски минофрлач од голем калибар малтери (240 мм) кој поради неговата карактеристична вертикална траекторија на мината е наменет за уништување на утврдени непријателски цели, кои пак не се достапни за другите видови артилериско оружје. Борбениот комплет на овој минофрлач се состои од 20 разорни мини со индивидуална маса од 134 кг, како и десет активно-реактивни мини со зголемен дострел. Последниве имаат маса од дури 230 кг. Ефективниот дострел на минофрлачот со обични мини изнесува 9000 метри, додека со активно-реактивна мина дострелот достигнува речиси 20000 метри. Покрај мини со разорни боеви глави, 2С4 „Лале“ може да користи и мини со касетни боеви глави и суперпрецизни мини од типот „Смељчак“ кои се особено ефикасни против минијатурни точкести цели. Благодарение на извонредната огнена моќ на ова оружје, Русите за 2С4 „Лале“ ја развија и специјалната запалива мина „Сајда“, како и неутронската муниција „Смола“ и „Фата“.
Руската армија има во својот состав околу 430 минофрлачи од овој тип.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче