Мобилните сили на РФ ќе добијат минофрлачи-роботи „Горец“

Специјалните единици на руската армија, како и падобранско-десантните и десантно-јуришните баталјони ќе добијат мобилни, автоматски минофрлачки системи МЗ-204 „Горец“.

„Горец“ е направен врз база на пешадискиот минофрлач „Сани“. „Горец“ може да биде инсталиран на шасијата на оклопните автомобили „Тигар“, „Тајфун-К“ или на транспортерот „Ракушка“ и за неколку секунди може со микронска прецизност да ја утврди висината на подемот или насоката на истрелот од минофрлачот.

Минофрлачот може да гаѓа не само со обични мини, туку и со високопрецизна муниција со ласерско наведување. Притоа при пресметувањето се земаат предвид временските услови, состојбата на цевката и дури и температурата на мината.

Главната карактеристика на „Горец“ е дека во борбени услови војниците остануваат во оклопните капсули и го полнат минофрлачот од кабината преку специјален отвор до кој цевката на минофрлачот автоматски се спушта по секој истрел, пишува „Взгљад“.

Доколку возилото биде погодено од непријателски оган, екипажот за три минути ќе може да го симне минофрлачот од лафетот и да ги продолжи борбените дејствија во обичен режим.

Според мислењето на експертите, појавата на оваа техника значително ќе ги прошири огнените капацитети на единиците кои дејствуваат на предните линии на одбраната или во тилот на противникот.

Претходно Министерството за одбрана на Русија почна да формира уникатни разузнавачки чети за специјална намена кои ќе наоѓаат цели во тилот на противникот и ќе ги соопштуваат координатите до системите „Искандер“ и модернизираните системи „Ураган“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња