Скриншот
Тоа може да се види на видео-снимката која во саботата се појави на интернет. Снимени се воени дејствија на подрачјето на Абу Камал и неговата околина. Навистина е фасцинантно колку ефикасно се погодуваат различни цели. Се уништуваат автомобили на терористи, нивните средства за преоѓање на река, упоришта и складови со муниција.
Високопрецизен погодок во урбана средина заслужува секаква пофалба. Објектите се онеспособуваат со минимална штета за околните згради. Токму во тоа е предноста на наведуваните проектили.
Во проектилите од типот „Краснопол“ има од 6,5 до 11 килограми експлозив, додека авијацијата применува „паметни“ бомби тешки од 250 до 1500 килограми. Не ни чудо што артилериските напади се попрецизни и побезбедни за околината.
Оваа видео-снимка веќе предизвика голема вознемиреност кај армиите на земјите кои не се пријателски настроени спрема Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче