Ѕвер на тркала: Моќниот теренец „Кречет“ наскоро на Арктикот

Ова секако не е обична оклопна техника.

Руските производители направија чудовиште тешко два тона и му го дадоа името „Кречет“. Наскоро тоа може да биде искористено како засилување за пограничните сили на Арктико и Крајниот Север. Порталот Russia Beyond одбра пет најинтересни факти за ова возило.

Нова „фаца”

Ова теренско возило првично е конструирано за космонаути и служби за спасување. Може да прими десет луѓе.

„Со помош на ова возило се довезуваат космонаутите во Казахстан од местото каде што атерирале затоа што „Кречет“ може да се движи по секаков терен“, изјави за порталот Russia Beyond Сергеј Виговски, еден од конструкторите на ова возило.

Висока технологија

Со оглед на тоа дека корпорацијата „Роскосмос“ веќе го користи „Кречет“ за превоз на космонаути во степите на Казахстан, ова возило е опремено со медицински средства и напредни технологии.

„Оно покрај останатото има сателитска врска со базата, што им овозможува на операторите во возилото да ги гледаат сателитските снимки на теренот“, објаснува Виговски.

Спасување на животи

„Кречет“ го користи и Министерството за вонредни состојби (МЧС) на рускиот Далечен Исток. Со него спасувачките служби можат да стигнат и на недостапни места каде што не може да слета хеликоптер.

„Тој може да помине преку соборени дрвја и камења, може да се искачува под агол од 60 степени и да форсира реки и мочуришта“, додава Виговски.

Иднината на „Кречет“

„Кречет“ наскоро ќе биде тестиран во руската армија. Конструиран е за примена во сите временски услови од -50 до +60 степени Целзиусови.

Воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов смета дека ова возило е идеално за патролирање по должината на арктичките граници.

„Возилата за воените погранични трупи на Арктикот треба да бидат лесни и да можат со еден резервоар да поминат 2000 км. Ова возило може да помина низ навев висок 3 метри со брзина од 50 км/час. Ако инженерите монтираат дополнителен оклоп, и ако возилото биде успешно тестирано во армијата, ќе го видиме и во нашата стратешка команда за две години“, изјави тој.

Патролно и извидувачко возило

Според Сафонов, „Кречет“ не е уште едно во низата оклопни возила со митралези со голем калибар.

„Ова е нешто друго. Ова возило ќе се користи само за патролирање и извидување по должината на границата“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња