Својот прв „бесшумен“ автомат „Вал“ и „бесшумната“ снајперска пушка ВСС „Винторез“ Русите ги направија уште кон средината на 1980-тите.
Ова оружје е наменето за ефикасна ликвидација на терористи во урбана средина на дистанца од 300 метри. Тоа е идеално растојание за бесшумниот автомат, но е прекратко за снајперската пушка. Колку за споредба, стандардната снајперска пушка со калибар 7,62x54 мм или .308 Win ефикасно ја погодува целта од двојно поголема далечина, т.е. од дистанца од 600 метри.
Автомат за специјална намена АС „Вал“ и снајперска пушка за специјална намена ВСС „Винторез“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netИ покрај тоа, „Вал“ и „Винторез“ успешно ги поминаа воените тестирања уште во Советскиот Сојуз и се користени во вооружените структури.
Ова оружје е компактно, може лесно да се расклопи и смести во обична кутија. Снајперската пушка може да се користи токму онака како што е прикажано во филмовите, кога снајперистот на покривот на некоја зграда го распакува куферот, вади од него одело и почнува да склопува снајперска пушка од делови скриени во дуплото дно на куферот.
Треба да се истакне дека прашањето за компактноста им даваше голема предност на овие системи на вооружување во текот на военото тестирање.
„И едната и другата пушка го имаа огненото крштевање во Чеченските војни. Руските специјалци успешно ги користеа во борбите против терористите. Дури од „Винторез“ го ликвидираа „дедо Хасан“ (Аслан Рашидович Усојан), еден од главните босови на руската мафија“, изјави за порталот Russia Beyond творецот на ова оружје Петар Сердуков.
Автомат за специјална намена АС „Вал“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netАС „Вал“ и ВСС „Винторез“ користат супсонични куршуми со калибар 9х39 мм, кои ефикасно пробиваат панцирни елеци со втора класа на заштита на дистанца од 200 метри.
Ни едната ни другата пушка одблиску не се нешто особено елегантни, но руската воена индустрија никогаш не „страдала“ од убавина. Оружјето се прави исклучиво за извршување на соодветните функции.
И едната и другата пушка без оптика се тешки по 2,5 килограми. Компактни се и згодни за ракување при отворање оган. Благодарение на овие супсонични куршуми со калибар 9 мм практично не се чувствува трзајот. И „Вал“ и „Винторез“ би можеле да бидат идеално цивилно оружје за лов, затоа што успешно погодуваат цел на дистанца од 300 метри. Што уште му е потребно на човек за лов на елени?
Снајперска пушка за специјална намена ВСС „Винторез“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netДури и полесно се чистат од автоматот „Калашников“. Можеби однадвор не изгледаат елегантно, меѓутоа работат како часовник.
Недостаток на ова оружје е недоволната прецизност: на 100 метри ги растура куршумите на 10 см, што воопшто не е малку.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче