„Русите исто така многу брзо го модернизираат својот нуклеарен арсенал. Јас тоа не го поврзувам со она што го преземаме ние. Јас го поврзувам тоа со некоја движечка сила базирана врз нивното сфаќање дека нуклеарното оружје им го гарантира статусот во светот“, рече Картер.
Шефот на Пентагон во интервју за „Вокс“ истакна дека Русија греши доколку мисли така.
„Не мислам дека за рускиот народ тоа е најдобро, но тие самите ја забрзуваат својата нуклеарна модернизација. Погрешно е да се мисли дека ние го правиме тоа“, додаде тој.
Руската државна програма за вооружување од 2011-2020 година изнесува околу 20 трилиони рубли. Меѓу главните приоритети се и стратешките нуклеарни сили, космичките средства и средствата за вселенско набљудување и комуникација.
Претседателот Владимир Путин изјави дека Русија не се впушта во трка за вооружување, туку едноставно сака да го надомести она што го испуштила претходните години, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче