МиГ-29К/КУБ стапува на сила

Сергеј Бобилев / ТАСС
Во состав на морската авојација на Военоморската флота е формиран првиот полк на палубни ловси МиГ-29К/КУБ. Тие, заедно со Су-33, ќе влезат во состав на мешовитото авиокрило на единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузнецов“. Како што велат за „Руска реч на македонски“ во штабот на флотата, летово бродот за првпат ќе излезе на море со обнобена групација авиони, а наесен ќе замине на воена служба во Средоземно море.

Русија го подготвува првиот полк (24 ловци – заб. ред.) палубни ловци МиГ-29К/КУБ за воено дежурство на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ во Северната флота. Во моментов пилотите одат на обука за новите машини во Крим и од 1 јули ќе пристапат кон исполнување на задачите за безбедност на Русија во морските предели.

Каков е новиот МиГ

Според главниот уредник на магазинот „Взљот“ Андреј Фомин, палубните Миг се едни од најсовремените сериски ловци од поколението 4++.

„Без оглед на сличноста со 'сувоземната' верзија Миг-29, ова е сосема друга машина. Ова се однесува на стилт-технологијата, нов систем за надополнување во воздухот, на склопувачкото крило и неговата механика, благодарение на која авионот има можност да полета со скратен залет и да слета со помала брзина на слетување“, забележува експертот во разговор со „Руска реч на македонски“.

Според специјалистот, Су-33 бил создаден како авион за освојување на небото, односно како целосен ловец-пресретнувач. Од своја страна, МиГ-29К/КУБ е мултифункционална машина, наменета за решавање на задачи за ПВО на бродски состави, а исто така и за уништување на надводни и надземни цели, управувани со високопрецизно оружје дење и ноќе во какви било временски услови.

МиГ-29К/КУБ има усовршена конструкција со висок процент композитни материјали и комплексен дигитален електронски четириканален систем за далечинско управување.

Внатрешните резервоари на новиот модел можат да примат 50% повеќе керозин одошто претходните модели. Под трупот и крилата можат да се монтираат уште три резервоари, така што радиусот на примена на ова летало сега е значително поширок. Воедно е зголемена и неговата борбена носивост.

Копнената варијанта на МиГ-29 може да прими само 4 тони муниција, додека бродската варијанта крева во воздух 6.5 тони високопрецизни проектили. Палубниот модел е опремен со најнови хиперсонични противбродски крстосувачки ракетиХ-31 и Х-35, како и со телевизиско насочување на авионските бомби.

Првобитна намена на МиГ-29К/КУБ

МиГ-29К/КУБ првобитно е конструиран по нарачка на индиската воена морнарица во рамките на договорот за купопродажба на крстосувачот и носач на авиони „Адмирал Горшков“, кој беше потпишан со Њу Делхи во Москва 2004 година.

„МиГ-29К кој е направен за извоз во Индија, беше спуштен во 2009 година на рускиот крстосувач и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ со идентична палуба. На барање на индиската страна многу системи на ловецот не беа од руско производство. На пример, авионот за извоз во Индија е опремен со навигацискиот систем SIGMA 95 и со друга странска опрема која од разбирливи причини не може да биде искористена во руската армија“, истакнува Фомин.

На руските мигови наместо странска, вградена е домашна електроника и во целост е преуреден системот за идентификација „пријател/непријател“. „Тоа е една од причините поради која ловците толку долго не беа подготвени за дополнување на авијатичката единица на крстосувачот“, нагласува експертот.

Обука на пилоти за МиГ-29К/КУБ

Пилотите на ловците МиГ-29К/КУБ се обучуваат во авијатичкиот центар за тестирање авиони на Крим, во градот Саки (1.400 километри јужно од Москва – заб. ред.). Во базата е направена писта која при крајот е искривена во вид на скокалница. Сосема е идентична на палубата на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ и ги поседува сите потребни системи за полетување и за слетување. На оваа писта се вежба слетување на палубата на бродот и полетување од неа, а условите се мошне слични на оние на бродот.

Како што вели претставникот на воената морнарица, според востановениот систем на обука на морнаричките пилоти, на секое практично дејствие на море му претстои обука на копно, со тоа што во копнената база, за разлика од бродот, пилотот има право да погреши. На пример, може да слета пред или по пистата, што е исклучено на бродот, каде авионот мора да се закачи за првата попречна сајла до која има само 46 метри, зашто тој обид може да биде прв и последен.

Според професорот на Академијата на воени науки Вадим Козјулин, Министерството за одбрана засега не прави планови поврзани со набавка на нови носачи на авиони. „Појавувањето на новиот авион МиГ-29К/КУБ во авијатичката единица на крстосувачот Адмирал Кузнецов е важен чекор во развојот на школата на морнаричката авијација во Русија. Во перспектива токму овие машини ќе ја сочинуваат основата на авијатичките единици на идните бродови“, истакнува експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња