Су-34
Дмитриј Виноградов / РИА НовостиТактичкиот бомбардер Су-34 со две седишта е главната „работна сила“ на руските воено-космички сили на сирискиот фрон. Авионот, опремен со најнови системи за откривање цели и за насочување, го бомбардира противникот во хоризонтален лет, притоа останувајќи недостижен за предносните зенитно-ракетни комплекси кои обично терориститите ги имаат вишок. Сирискиот конфликт е првото „огнено крштевање“ на овој современ бомбардер, а успешноста со која тој ги извршува борбените задачи, не оставајќи камен на камен од камповите на терористите во нивната инфраструктура, овозможува Су-34 наскоро да се појави во вооружувањето и на други земји.
Алексеј Малгавко / РИА Новости
Најсовремениот основен воен тенк на руската војска Т-90А сега се наоѓа во вооружувањето на сириската армија и стрела на терористите во отворено небо. Опремен со моќен преден оклоп и современ „шмек“ од типот комплекси за оптичко-електронско попречување на противтенковски ракети Штора-1 и систем за далечинско активирање на противтенковски проектили Ајнет. Т-90А е попосакувана варијанта во пеколот на војната, одошто модернизираниот Т-72Б3. Последниот, иако е посацовен, неговите борбени можности се поскромни од оние што ги поседува „Владимир“ (така се нарекува Т-90А во чест на конструкторот што ја има создадено оваа борбена машина).
Александар Вилф / РИА Новости
Тешките огнени системи ТОС-1А „Солнцепјок“, кои горат сè пред себе, можат да се пофалат со учество во два воени конфликта: во Сирија и во Ирак. „Солнцепјок“ не им даваат на непријателите ниту најмала шанска за спасување. Од нив не може да се избега или да се скрие. По испукувањето на термобарниот проектил од „Солнцепјок“ на отворената површина остануваат изгорени пустини со големина од неколчку илјади квадратни километри, а во градски услови „Солнцепјок“ е уште поопасен.
Артјом Житењев / РИА Новости
Ударните хеликоптери Ми-28Н се помлади браќа на советската „класика“ Ми-24. Со помош на автоматските топови и ненаведувачките ракети тие ги уништуваат позициите на терористите кај Латакија, каде што се наоѓаат руските воено-космички сили во Сирија. Ми-28 на ирачките воено-воздушни сили прават заседа на припадниците на ИДИЛ недалеку од Багдад. Хеликоптерот добро се врти и има одлични маневарски способносто, така што е тешко да биде фатен: додека противникот нишани, тој ќе одлета. Не вреди ниту да се гаѓа со преносливи зенитно-ракетни комплекси: Ми-28Н има совршен систем за попречување против ПЗРК.
Непријателските тенкови, оклопни возила, па дури и хеликоптерите и беспилотните летала за „Ноќниот ловец“, или „Уништувач“ според класификацијата на НАТО, стануваат лесна цел 30-милиметарскиот топ НППУ-28, управувачките ракети Атака-В, ракетите „возудх-воздух“, а исто така и заштитената кабина со керамички елементи, која издржува удар од проектил со калибар од 20 милиметри, го прави овој хеликоптер непристапна тврдина.
Александар Вилф / РИА Новости
Борбеното возило на пешадијата БМП-3 своето „огнено крштевање“ го имаше пред 20 години, но дури и сега ја покажува својата ефикасност во редовите на воените сили на Обединетите Арапски Емирати, кои учествуваат во воените операции во Јемен.
Заедно со француските тенкови „Леклер“, БМП3 уништуваа цели од 100-милиметарското орудие и од 30-милиметарскте топови и дење и ноќе (користејќи прибори за ноќно гаѓање и термовизиски нишани).
Сепак, основната предност на БМП-3 не е вооружувањето, ами зголемената проодност на машината и нејзината заштитеност. Моторот на БМП-3 се наоѓа одзади, како кај тенкот, благодарение на што машината оди стабилно, не „колве“ со носот, затоа и оној што ја вози има подобар преглед, а нишанџијата може попрецизно да нишани. Поради необичната положба на моторот во однос на другите БМП, војниците мораат да излегуваат во вертикална положба на покривот, а имено ова им служи на војниците како дополнителна заштита, која има спасено стотици животи во борбите. Засега БМП-3 војува во песоците на Јемен, а за него активно се интересираат други странски купувачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче