На снимката се гледа дека конвојот на ОН е придружуван од теренско возило на терористите со минофрлач од голем калибар, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.
„Анализата на видеото снимката од беспилотните летала на вчерашното движење на хуманитарниот конвој преку територија под контрола на бунтовниците во провинцијата Алепо откри нови детали. На видеото јасно се гледа како заедно со конвојот терористите префрлаа пикап со влечен минофрлач со голем калибар“, изјави Конашенко.
„Не е јасно кој кого „покрива“: дали минофрлачот колоната со волонтери на „ Белите шлемови“, или пак обратно. И, најважното, каде исчезна тој минофрлач кога конвојот дојде до конечното одредиште и кого гранатираше додека конвојот стоеше и се растовараше?“, додаде портпаролот на Министерството за одбрана на Русија.
Гранатирањето на конвојот на ООН се случи во западниот дел на Алепо. 20 лица загинаа, а 18 од вкупно 31 каминон беа уништени.
По обвинувањата дека руската и сириската авијација го извршиле нападот врз конвојот, Министерството за одбрана на Русија ги демантираше таквите изјави.
Видеото за кое зборуваше генералот Конашенков можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче