На почетокот на деветнаесеттиот век ова место изгледало сосема поинаку. За да се изгради храм на местото каде што е убиен императорот Александар II, направен е насип и на тој начин кејот е проширен во длабочините на каналот „Грибоедов“, кој тогаш се нарекувал „Екатерински“.
А еве поглед од другата страна на каналот, од Банкарскиот мост со познатите крилести лавови кои изгледаат како нови, бидејќи се реставрирани пред неколку години. Во далечината може да се види храмот „Спас на крвта“, а од левата страна е колонадата на Казањскиот соборен храм.
На спојот на каналите „Грибоедов“ и „Крјуков“ се наоѓа барокниот бисер – Никољскиот соборен храм и неговата камбанарија. Погледот го блокира аголна куќа за издавање станови. Сега тоа е и популарно туристичко место. Имено, од местото каде што се спојуваат каналите можат да се видат седум мостови. На фотографијата не се гледаат сите. На фотографијата НЕКОГАШ го нема пешачкиот мост „Красногвардејски“ што води од куќата за издавање станови преку каналот „Грибоедов“. Тој е изграден дури во 1957 година.
Овој подвижен мост со два крака е еден од симболите на Петербург. Го поврзува Зимскиот дворец со Стрелецот на островот Васиљевски. Сегашниот мост е изграден на местото на привремен во 1916 година. Од крајот на деведесеттите години на минатиот век трамваите, како и коњите, повеќе не поминуваат по мостот.
Членовите на царското семејство повеќе не шетаат низ раскошниот парк Петерхоф. Заменети се со реки од туристи. Дворецот и неговите фонтани беа сериозно оштетени за време на нацистичката окупација. Меѓутоа, веднаш по завршувањето на Втората светска војна, започна детална реставрација.
На плоштадот пред Зимскиот дворец во 1914 година беше прочитан манифест за влегувањето на Русија во Првата светска војна. Подоцна овде се одржуваа револуционерни митинзи... Во наше време собирите се многу помирни и најчесто се работи за концерти.
На парадниот кеј од Нева сепак се гледа куполата на Исакиевскиот соборен храм и, се разбира, шилото на Адмиралитетот. А дека поминале сто години се забележува само по сосема различните бродови и чамци.
Моќните скулптури на Атлас го носат покривот на тремот на влезот во Ермитаж. Милионската улица од која се влегува во музејот порано била пешачка, а денес по неа се движат и автомобили и туристички автобуси.
Во Санкт Петербург по речиси сто години дефинитивно има повеќе зеленило и возила. Во советско време, храмот не беше урнат, туку во него беше изграден музеј, при што за време на војната беа криени вредни предмети од други музеи. По некое чудо, зачуван е и споменикот на императорот Николај I, кој дури и болшевиците го сметаа за генијален, скулптуралната композиција се потпира на две нозе на коњ, што во тоа време беше реткост.
Колонадата на храмот е уште еден знак за препознавање на Санкт Петербург. Во советско време, во црквата беше отворен Музеј на религијата и атеизмот, а денес тоа е активен соборен храм со елегантен парк на Невскиот Проспект.
Невскиот проспект е непрекината низа на знаменитости. Во советско време, главната улица во градот се викаше „Проспект 25 октомври“ (во чест на Револуцијата од 1917 година). Секоја куќа овде крие богата историја. На пример, неверојатната зграда со купола во стилот на модерната беше Дом на компанијата „ Сингер“, а во времето на СССР тука се наоѓаше Дом на книгата.
Дрвја пораснаа и околу споменикот на Петар Велики, така што лете бујната вегетација целосно го засолнува погледот на Адмиралитетот, но шилото сé уште е видливо.
Како што гледаме, изгледот на Санкт Петербург не е радикално променет. Сепак, постојат исклучоци, како што е германската црква, од која во советско време е направен конструктивистичката Палата на културата на телекомуникациските работници... Денес е тешко да се најде нешто заедничко меѓу тие згради.
Овој мост над Нева е изграден уште во 1879 година. Сложениот механизам го подигаше мостот... на едната страна! Во шеесетите години на минатиот век беше темелно реконструиран и дури потоа можеше да се подигне распонот на мостот, како што тоа е случајот денес.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче