Склучувањето на спогодбата ОПЕК+ им овозможи на буџетите на Русија и на Саудиска Арабија да остварат прилив од дополнителни 40 милијарди долари, изјави за телевизија „Русија 24” директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.
„Оваа спогодба на рускиот и на саудискиот буџет им донесе околу 40 милијарди долари дополнителен приход – и на Русија, и на Саудиска Арабиа“ изјави тој.
Според Дмитриев, соработката на земјите со цел стабилизирање на цените на нафтата „вроди со плод“. „Сметаме дека цените на нафтата без оваа спогодба би паднале под 35 долари за барел“, истакна тој.
„Оваа спогодба во значителна мера ја изгради довербата меѓу земјите и покажа дека по пат на соработка можеме да постигнеме многу значајни, сериозни резултати“, изјави тој.
Дмитриев исто така истакна дека на 3 ноември голема руска бизнис-делегација ќе ја посети Саудиска Арабија и ќе ги проучи можностите за вложување за руската индустрија во оваа земја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче