Руската полиција го казни сопственикот на највисоката на светот Lada Priora за тркалата од 72 инчи

Сопственикот на највисокото на светот возило Lada Priora со тркала од 72 инчи е парично казнет од сообраќајната полиција во рускиот град Краснодар поради измени во конструкцијата на автомобилот.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од необичен модел на Lada Priora врз основа на кои би можело да се претпостави дека тркалата потекнуваат од кочија или двоколка. Фотографиите се направени во центарот на Краснодар, на Театарскиот плоштад. Сопственикот Ваган Микаељан изјави за ТАСС дека на колата монтирал тркала од 72 инчи и дека за тоа решение му биле потребни месец и половина. Без оглед на помалиот празен простор меѓу каросеријата и тркалата, автомобилот успешно маневрира по градските улици.  

„Собраќајната полиција во Краснодар ме казни додека го демонстрирав автомобилот во град поради измени во конструкцијата на возилото со 500 рубли, но платив само 250, бидејќи го намирив долгот“, рече Микаељан.

Како што рече, тој нема намера да продолжи да се вози низ градот со автомобилот за да не го нарушува јавниот ред. Ова не е прв изум на Микаељан. Тој претходно направи ВАЗ-2108 што може да плови. Во  перспектива има во план да работи на унапредување и на други марки на автомобили. Но, не е подготвен да ги открива иновациите.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња