„Мегагрантови“ – енергија за новата руска наука

Артјом Оганов: Сепак, имам впечаток дела младите научници немаат доволно волја; тие би сакале да добијат пари без да вложат напор и без голем интерес кон науката. Извор: Росијскаја газета.

Артјом Оганов: Сепак, имам впечаток дела младите научници немаат доволно волја; тие би сакале да добијат пари без да вложат напор и без голем интерес кон науката. Извор: Росијскаја газета.

Русија полека си ги враќа своите научници од странство, нудејќи им добри услови за работа, меѓу кои и со помош на системот за милионски донации за научни проекти или т.н. „мегагрантови“. Еден од повратниците, Артјом Оганов, во интересно интервју зборува за условите за работа на Запад, за шансите на Русија за привлекување голем број странски научници и за проблемите на домашната наука.

Благодарение на поддршката („мегагрантовите“) од Владата на РФ, Артјом Оганов, професор на Државниот универзитет во Њујорк (SUNY Stony Brook), основа своја научна лабораторија на Московскиот физичко-технички факултет. Тој дипломирал на геолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ и спаѓа меѓу десетте најпознати светски научници со руско потекло. Работел на универзитети во Италија, Швајцарија, Франција, Кина и во Хонг Конг. 

Професорот Оганов ги изнесува своите гледишта за сложените услови за работа на Запад, за проблемите на руската наука и за бавното надминување на кризата. 

Руската наука и „мегагрантовите“

Русија го спаси проектот за најголем ласер на светот

Арјом Оганов: Кога велиме дека руската наука полека изумира, немаме никаква лоша намета, туку искрена загриженост и сочувство. Затоа „мегагрантовите“ се единствената можност да ѝ се помогне на руската наука во толку тешка ситуација. Овие парични средства за мене, на пример, се од огромно значење. Тие ќе ми помогнат да соберам уникатен истражувачки тим во Русија. Станува збор за тоа дека милионските донации во странство и во Русија се две различни работи. Во Америка во изминатата година добив над 10 милиони американски долари во вид на донации за различни научни проекти, но со тие пари можам да постигнам многу помалку одошто со три милиони американски долари во Русија. Постојат повеќе причини зошто е тоа така. Пред сѐ, околу 40% од доделените средства ги присвојува американскиот универзитет на кој работам, а приближно половината од останатите пари одат на плата и на осигурување на моите соработници. 

Би сакал да истакнам дека за мене е мошне важно тоа што Московскиот физичко-технички институт му овозможува на мојот тим речиси постојан пристап до суперкомпјутери, кои се мошне понапредни од уредите што ги имам на располагање во САД. 

Академската наука и угледот на Руската академија на науките 

Воопшто не мислам дека академските установи ја изгубија својата улога и своето исклучително значење. Дури и во САД, кои ги споменува Ливанов (министерот за образование и наука на РФ наведува дека науката во академскиот облик е надмината и дека треба да биде насочена кон универзитетите, а Академијата треба да се претвори во клуб на научници; тој, притоа, потсетува на искуството во САД, каде што на овој начин, според него, се остварени максимални резултати – заб. ред.), науката се развива на академско ниво, а пример за тоа се националните лаборатории. Во Франција и во Германија, исто така, постојат установи каква што е нашата Академија на науките, и во нив науката мошне успешно се развива, многу подобро одошто на универзитетите. 

Од друга страна, многумина забележуваат дека угледот на Руската академија на науките во извесна мера е нарушен. Можеме да наведеме само еден, но очигледен пример. Ако на Запад прашате кој руски академик го знаат, ќе слушнете само десетина отсто од имињата на академиците, додека за другите никој не ни слушнал во светските научни кругови. 

Работата на Запад 

Оној што мисли дека на Запад сите ги чекаат со раширени раце страшно греши. Западниот принцип на научна работа е мошне тврд. Неговиот систем е устроен на начин секој да биде што повеќе искористен. На пример, работно место доцент (анг. assistant professor) се доделува на шест години, и сите тие години човекот се наоѓа под огромен притисок, зашто не знае дали на крајот ќе ја добие работата или нема да ја добие. Доколку не ја добие, тој буквално останува на улица. Затоа секој се труди да биде со сите во што подобри односи, да работи како роб, да обезбедува што повеќе пари за својот универзитет на тој начин што ќе собира средства за разни научни проекти (од кои дел оди кај универзитетот). Оној што не се вклопува во тој систем мошне бргу го губи своето место. Со други зборови, присутна е постојана борба за место под сонцето, односно борба за опстанок. 

Пронајден е еликсир на младоста
Научниците од Новосибирск разработија вистински еликсир на младоста. Тие направија уникатен препарат кој го наведува човековиот мозок да произведува матични клетки. А, тие, пак, се во состојба да ги обновуваат заболените органи.

Токму тоа се пресудни фактори поради кои руската наука има шанса. Ако во Русија се понудат прифатливи и, што е најважно, стабилни услови за работа, кога човек не мора постојано да се грижи за својата иднина, тоа ќе биде главна причина за многу научници од странство да сакаат да дојдат во Русија. Впечатлив е примерот на Кина, која успеа да привлече мошне угледни научници од целиот свет. 

Американскиот научен систем 

Мислам дека американскиот систем е далеку од оптимален. Особено затоа што од професорите прави менаџери и бирократи. Професорот, секако, околу себе собира постдипломци и докторанди, им задава теми, со нив ги разгледува резултатите, но тој речиси воопшто не се занимава со конкретна наука, туку тоа го прават тие млади и речиси бесправни соработници, полуробови, за кои веќе зборувавме. 

„Непотребна бирократија“ 

Неверојатно многу време трошам на непотребно пополнување документи и пишување, и да бидам искрен, тоа воопшто не го поднесувам. На секој начин се обидувам да му се спротивставам на тој систем и да најдам начин да ги заобиколам тие работи. Освен тоа, се трудам во мојот тим да владее апсолутна еднаквост и да не постојат „робови“. 

Истражувања 

Суштината се огледа во тоа што ние остваруваме нови научни резултати, потпирајќи се на фундаменталните закони на физиката. Всушност, доаѓаме до нив по пат на пресметка. Врз основа на хемиски формули на определени супстанции предвидуваме кои нови кристални структури можат да се добијат од неа. Да кажеме, кога е потребно да се создаде најтврд, најцврст или најлесен можен материјал, во тој случај не одиме во лабораторија за да вршиме експерименти, туку вршиме пресметки со помош на суперкомпјутер. На крајот доаѓаме до одговор на кој начин може да се добие таквиот материјал. 

„Изгледа како алхемија...“ 

Ваква беше реакцијата на стручњаците од познатиот научен магазин „Nature“, каде што испративме една статија во која по опсежни проучувања предвидовме дека под одредени услови натриумот може да стане провиден неметал со црвена боја. „Тоа е сосема нереално предвидување, не можеме тоа да го објавиме“, беше одговорот од редакцијата на списанието. Но, неколку недели потоа, во експеримент што беше направен во согласност со нашите предвидувања, беше добиен токму таков натриум. Секако, нашата статија потоа беше објавена. Тешко ми е да ви опишам колку бев среќен.

Научните кадри и соработниците 

Чернобилското искуство во светската нуклеарна енергетика
На 26 април беше одбележана 27-годишнината од катастрофата на реакторот на чернобилската нуклеарна електрана. Од оваа катастрофа руските научници добија уникатно искуство за отстранување на последиците и за предвидување на тешки несреќи на нуклеарните станици.

Наскоро треба да ни се придружи еден надарен млад научник од Челјабинск. Не можам да сфатам дека има толку малку заинтересирани за сериозна научна работа. Кога неодамна на нашиот физичко-технички институт објавив конкурс за постдокторски трудови, очекував дека заинтересираноста ќе биде голема, но воопшто не беше така. Имаше многу малку пријави од Русија, но ни стигнуваа пријави од Кина и од Италија, без оглед што конкурсот таму не беше објавен. Тие некако дознале за него и изразија желба да се приклучат. На крајот избрав двајца Кинези и еден Италијанец. Имав потешкотии да најдам и неколкумина добри студенти од Русија и од Украина.

Научниот кадар, всушност, е најголемиот проблем во руската наука. Имам впечаток дека младите научници немаат доволно волја. Тие би сакале да добијат пари без да вложат напор и без голем интерес кон науката. Тоа е моето најголемо разочарување.

Меграгрантовите“ (од анг. grant – донација) се поголеми (оттука и „мега“) посебно наменети парични средства на Владата на РФ, кои се доделуваат по пат на конкурс како поддршка на водечките научници од руските универзитети, научноистражувачки центри и институти за научни истражувања и постигнување врвни резултати на светско ниво. Станува збор за износи од 150 милиони рубли (3,5 милиони американски долари) за секој научноистражувачки проект во периодот од 2010 до 2013 година со можност за продолжување на научната работа за уште две години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.