Парламентарците на Франција и Германија се согласија на дијалог во „Нормандиски формат"

Претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко изјави дека француските и германските парламентарци се согласиле за одржување меѓупарламентарни консултации во „нормандиски формат" за Минската спогодба, се очекува уште одговорот од Врховната рада на Украина, пренесува ТАСС.

Предлогот за одржување меѓупарламентарни консултации во „нормандиски формат" за реализација на Минската спогодба веќе ја доби поддршката на француските и германските парламентарци, се очекува уште одговорот од Врховната рада на Украина. Ова денес го изјави претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко, соопшти прес-службата на Советот на Федерацијата, а пренесува ТАСС.

„Претседателот на Сенатот на Франција (Жерар Ларше), кој пристигна во посета на Русија, ја поддржа искажаната идеја да се организира парламентарна „Нормандиска четворка“. Колку што знаеме, тој веќе разговараше со Федералниот совет и Бундестагот на Германија и тие дадоа согласност. И ние сме согласни“, потенцираше Матвиенко, истакнувајќи дека „сега зборот го има Врховната Рада на Украина“.

Матвиенко напомна дека контактите на Советот на Федерацијата со Врховната Рада се замрзнати не по руска вина. „Ние многупати направивме обид да се сретнеме „и на маргините“ на Меѓупарламентарното собрание на СНГ, и во билатерален формат, и на други меѓународни места, но нашите намери наидуваа на ѕид од молчење“, објасни таа. „Но сепак, ние ќе продолжиме да бараме опции за соработка", додаде таа.

Валентина Матвиенко предлага да се одржи првата средба на парламентарци од „Нормандиската четворка“ во рамките на Меѓупарламентарниот сојуз кој ќе се одржи во март во Ханој, Виетнам. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња