Се подготвува средба меѓу Владимир Путин и Петро Порошенко

Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко ќе се сретнат на 26 август во Минск во рамките на самитот Царинска унија - Украина. Во Кремљ не изјавуваат дали таму ќе се одржат двострани преговори меѓу лидерите на двете земји, но извори на рускиот весник „Комерсант“, блиски до подготовката на состанокот, тврдат дека оваа средба „се подготвува“.

Впрочем, според оценките на експертите, не се очекува некој забележителен прогрес од само една средба. Уште една можност за директни преговори меѓу претседателите на Русија и Украина, според „Комерсант“, може да се изврши во првата половина на септември во Париз.

Предлогот за одржување на средбата во таков формат во почетокот на август го даде претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Според неговите зборови, лидерите на „евроазиската тројка“ и Украина треба да „седнат и да позборуваат за она што се случува, бидејќи никој не можеше да претстави дека меѓу најблиските и братски народи може да се појави таква мешаница“.

Првата и досега единствена средба меѓу претседателите Владимир Путин и Петро Порошенко се одржа во јуни за време на празнувањето на 70-годишнината од операцијата во Нормандија на сојузничките сили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња