Извор: Getty Images / Fotobank
За тоа како преживуваат луѓето што се наоѓаат во воените предели и колку долго може да издржи Новорусија во услови на постојани престрелки и на хуманитарна катастрофа, зборува пратеникот од комитетот за социјална политика и здравство на Парламентот на Новорусија Оксана Бевцик.
Пратеничката вели дека на територијата на Донецк сега се организираат логори за бегалци од реоните кои се зафатени со воени дејствија. „По правило, во логорите има многу деца, има и многу мали, од една година. Затоа ние таму носиме играчки, сликовници, боенки. Тие немаат ништо со себе – децата си играат со шамичиња и со пластични шишиња. Секогаш заминуваат набрзина – имаат максимум еден час за да се спакуваат, зашто во секој момент може да започне бомбардирање, па евакуацијата може повторно да биде одложена“.
Главниот проблем на властите е недостатокот на храна и вода, а исто така и бомбардирањата. “Во моментов ситуацијата е таква, што понекогаш седиме и три дена не можеме да излеземе од скривниците. Луѓето се плашат да излезат. Се чини како да е бесконечно. Особено кога пукаат од „Град“ (ракетен фрлач со повеќе цевки – заб. ред.). Тој не стрела во цели, туку удира без никаков ред“.
Според Оксана Бевцик, вода во Донецк има уште само за неколку дена, а и онаа што ја има во магацините е многу поскапена. „Не знам како понатаму ќе ги сместуваме луѓето во Донецк. Веќе го бомбардираат самиот град, нема вода, храната е при крај, а и немаме каде да ги сместиме. А, потреба од тоа имаат многумина, зашто околината непрестајно се бомбардира. И од приградските населби на Донецк сите доаѓаат во центарот“.
Притоа не постои можност да се транспортира мирното население во Русија, зашто по патиштата постојано се пука. „Сега не можеме да ги изнесеме луѓето дури ни преку луганскиот коридор. Блокирани сме“.
Поради воените дејствија невозможно е да се транспортира ни хуманитарна помош. „Полиците во градските супермаркети се пусти. Секој ден имаме сè повеќе и повеќе проблеми со храна. Имаме брашно за само уште една недела“.
Доколку и понатаму биде невозможно да се пренесе хуманитарната помош. Ќе започне вистинско гладување. Резервите се испразнето. А, на територијата на Донбас храна не се пушта. Се стрелаат патиштата, невозможно е да се донесе хуманитарна помош. Порано се носеше од други области, како што се Харков и Днепропетровск. Сега и оттаму не пуштаат... Сега Германија и Чешка нè прашуваат како да ја предадат помошта. А, ние не знаеме како – единствено преку територијата на Русија, но и оттаму патиштата се затворени“, се жали пратеничката.
Особено силен дефицит од храна се чувствува во малите населени места околу Донецк. Кога сепак ќе се успее во доставувањето на хуманитарна помош, тогаш распределувањето се одвива како во Ленинград под блокада: конзерва месен нарезок и шише вода на човек.
„Целосно сме отсечени и сакаат да не умрат од глад. Затоа стрелаат на патиштата и не пропуштаат ништо тука“, смета Оксана Бевцик.
Во Донецк засега работат болниците и поликлиниките, продавниците, па дури и некои детски градинки во определени населби, кои не се изложени на бомбардирања и на стрелби. Сепак врз економијата на регионот, која се засновува на добивање јаглен, е нанесен сериозен удар, вели соговорничката за „Руска реч на македонски“. „Имаме проблеми со окната. Рударите се плашат да се симнат во рудниците, зашто доколку некоја бомба падне во окното или во лифтот, сите ќе загинат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче