Кои се тие бандеровци?

Украински националисти со десничарски симболи и со портрет на Степан Бандера (1909–1959),  кој од 1940 година раководел со фракцијата на Организацијата на украинските националисти (ОУН-Б), чии припадници се бореле против Полјаците и против Црвената армија, соработувајќи со нацистите. Избор: Ројтерс.

Украински националисти со десничарски симболи и со портрет на Степан Бандера (1909–1959),  кој од 1940 година раководел со фракцијата на Организацијата на украинските националисти (ОУН-Б), чии припадници се бореле против Полјаците и против Црвената армија, соработувајќи со нацистите. Избор: Ројтерс.

Еден од клучните моменти во информацискиот судир меѓу Русија, од една, и Западот и Украина, од друга страна, од гледна точка на руските власти и на медиумите, е речиси водечката улога на „бандеровците“, „неонацистите“ во новиот политички живот во Украина. Имено, Русија ја објасни „кримската операција“ со „заштитата на руското население од фашистичките силеџии“. Револуционерните украински власти и Западот што ги поддржува со иронија се ослободуваат од овие обвинувања, сметајќи дека станува збор за „лага на кремљските пропагандисти“.

Каква е идеологијата на Мајдан, всушност? Колку во неа е присутен националистичкиот елемент? Правилно ли е да се сметаат сите „патриотски“ и „проевропски“ сили, кои учествуваа во превратот, за наследници на бандеровците, украински бунтовници од триесеттите и четириесеттите години од минатиот век? Какво е влијанието на националистичките, бандеровски идеи врз историјата и врз политичкиот живот на постсоветска Украина?

Идеологијата на Мајдан

Украинскиот политички живот долги години беше определен од две страни на земјата што се речиси еднакви според големината на електоратот – Западот кон кој тежнее централниот регион и југоисточниот. Населението на овие региони е различно во културен однос: во источниот дел апсолутно преовладува рускиот јазик, а во западниот е пораспространет украинскиот. Тие се и економски различни: истокот во основа е индустриски, а западот – аграрен. 

Современиот Евромајдан беше составен, во најголем дел, од претставници на западните региони. Нивната идеологија не предвидува консензус со претставниците на истокот, исто како и идеологијата на украинскиот национализам. 

Споменик на Степан Бандера во Лавов (западна Украина). Фотографија од слободни извор.

Украинскиот национализам како идеологија настанал во првата третина на дваесеттиот век и има слична природа со германскиот нацизам и со низа други ултрадесничарски идеологии од тоа време. Ова е обусловено од неговата крајна нетрпеливост, тежнеењето кон директно политичко дејство, насилство, одрекување на правата на малцинствата. Украинските националисти сметаат дека е неопходно со „железна рака“ да се гради нацијата, максимално угнетувајќи ги неукраинските елементи во општеството. Проблемот е во тоа што овие неукраински елементи во Украина се мнозинство. Не е мал процентот дури и во самиот украинскојазичен регион на западна Украина – во Галиција, а во југоисточниот дел од земјата тие се апсолутно мнозинство.

Украинскиот национализам во Втората светска војна 

Во годините на Втората светска војна на територијата на западна Украина дејствувала Украинската востаничка армија под водство на Степан Андријович Бандера и неговата десна рака Роман Јосипович Шухевич (обајцата од претседателот Виктор Јушченко постхумно добија звање херои на Украина, а во 2010 година ова звање им беше одземено од Виктор Јанукович). Ова се најпознатите страници од историјата на украинскиот национализам. 

Бандеровците имале и сложени односи со германските окупациски сили, тие секогаш тргнувале од тоа дека нивни главен непријател е СССР. Ваквиот приод бил условен од целата идеологија на украинскиот национализам, според кој основен противник на Украинците биле оние Руси што не се согласуваат со вредностите на украинскиот национализам, иако за непријатели, секако, се сметале и Полјаците и Евреите. 

Роман Шухевич. Фотографија од слободни извор.

До 1939 година, додека земјата на западна Украина се наоѓала во состав на Полска, Организацијата на украинските националисти на Степан Бандера се занимавала со антиполска политичка и диверзантска дејност, а потоа „се префрлиле“ на советската власт. Во Третиот Рајх сфатиле дека дејноста на бандеровците може да биде полезна: на пример, тие ја искористиле нивната желба да спроведат „чистка на украинската земја од несаканите елементи“, меѓу другото и од Евреите и од комунистите. Сепак, идејата на Бандера за независност на Украина Третиот Рајх не ја поддржуваше, поради што Бандера беше одведен во концентрационен логор, каде што бил до 1944 година, но, секако, во многу подобри услови во однос на другите затвореници. За време на германската окупација украинските националисти активно служеле во германските воени структури: во дивизиите на СС „Галиција“, во баталјонот „Нахтигал“, во „Украинската легија“, во локалната полиција. 

Формациите што не одговарале пред Рајхот исто така се занимавале со етнички чисти на териториите што тие ги сметале како исконско руски, периодички стапувајќи во вооружени судири со германските окупациски војски. Познати се погромите врз Евреите во западна Украина во 1941 година, а, исто така, и во таканаречениот Волински масакр во 1943-1944, во кој, според податоците на полските историчари, биле убиени околу 150 илјади граѓани од полска националност. На терор биле подложени и Русите и Украинците што не се согласувале со теоријата и со практиката на украинските националисти. 

Во 1944 година Бандера бил пуштен од концентрационен логор за да застане на чело на борбата на членовите на УВА (Украинска востаничка армија) против Црвената армија и советската администрација. Најголем замав дејноста на бандеровците зема во периодот од 1944 до 1945 година и за време на повоениот период, кога во услови на студена војна тие почнале да соработуваат со британските и со американските специјални служби. Сепак, кон средината на педесеттите години на минатиот век диверзиската дејност почнала да се намалува, многумина се согласиле да преминат на мирен живот. Самиот Бандера по војната живеел во Минхен под заштита на британската разузнавачка служба и работел за неа сѐ дури во 1959 година не бил убиен од страна на агентот на КГБ Богдан Сташински од специјален пиштол со шприц со калиум цијанид.


Документ за идентификација на Степан Бандера („Лига на украинските политички затвореници во германските концентрациони логори“). Во документот е напишано името Степан Попел. Експонатот е дел од изложбата „Степан Бандера: документите сведочат“ во Националниот музеј на историјата на Украина во Киев. Извор: Vostock Photo.

Украинскиот национализам во медиумите и во образованието

Постсоветската југоисточна Украина од западната сите овие години се разликувала според тоа што имала свој идентитет и национална идеологија. Ова доведе до тажна ситуација: дури кога кај властите во Киев се наоѓаа претставници од југоистокот, целата хуманистичка сфера на политиката тие ја оставаа под закрила на Галиција. Така, на ниво на управување со системот на образованието и на информациската политика како да немаше раскол на земјата, сѐ беше потчинето на единствен националистички тренд. Фактички, украинските националисти имаа власт врз образовниот систем, а, исто така, и мошне силно влијаеја врз политиката на медиумите. Затоа новото поколение украински деца учеа според учебници што го претставуваа ултранционалистичкиот поглед на украинската историја. На телевизија постојано се прикажуваат емисии за пропаганда на идеите на украинскиот радикален национализам. Плодовите од ваквото образовно и информациско воспитание Украина ги собира денес, кога и на југоистокот од земјата можат да се видат млади до 30 години што се борат за чиста Украина, а чии родители не се истакнувале со силно изразен украински идентитет или кои, едноставно, се чувствувале Руси.

Олег Неменски е кандидат на историски науки, научен соработник при Институтот за славистика на РАН, соработник на Центарот за украинистика и за белорусистика на МДУ, водечки научен соработник на Рускиот институт за стратегиски истражувања.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња