„Русија ги почна дејствијата како гарант на политичкиот процес и договорите постигнати со режимот (на сирискиот претседател Башар Асада). И тоа... бара од меѓународната заедница поголема вклученост во преговорите во Астана. Да бидам искрен, тоа е добро“, изјави Хасун.
Тој рече дека сѐ уште не се одбрани конкретни земји за формирање на таков контингент, но прецизираше дека за разграничување на страните во конфликтот ќе бидат одредени држави кои не се вклучени во тековните борбени дејствија во оваа блискоисточна земја. Според Хасун, во случај страните во конфликтот да го одобрат предлогот на Москва, ќе биде формирана работна група која ќе ги избере земјите кои ќе учествуваат со свој контингент миротворци.
Според него, една од точките на предлогот е силите за разграничување да бидат вооружени со лесно оружје, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче