Лукашенко до Порошенко:Вежбите „Запад“ не се почеток на инвазија на Украина

Руско-белоруските маневри „Запад 2017“ не се подготовка за почеток на инвазија врз Украина од белоруска територија, изјави претседателот на Украина Петро Порошенко.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко уверува дека заедничките со Русија воени вежби „Запад“ не претставуваат опасност за Украина. Ова претседателот на Украина Петро Порошенко го изјави во текот на неговиот говор пред граничарите во Киев на 28 април.

„Немам никакви сомнежи во мирните намери на Белорусија, но таа е во сојузнички односи со Русија, а ние немаме спрема Москва никаква доверба. Затоа за мене беше многу важно да добијам од шефот на белоруската држава цврсти уверувања дека планираните руско-белоруски воени вежби „Запад 2017“ во близина на украинската граница нема да се претворат во подготовка од страна на Руската Федерација на платформа за инвазија на Украина од белоруска територија“, изјави Порошенко,

Претходно Лукашенко изјави дека Белорусите можат да дојдат во Украина „само на трактор“, пренесува порталот „Шариј.нет“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.