Пентагон ја повика Русија да прифати набљудувачи на маневрите „Запад 2017“

Командантот на Вооружените сили на САД во Европа генерал-потполковник Бен Хоџис ја повика Русија да ги отвори главните воени вежби „Запад 2017“ за набљудувачи, за да ја „смири загриженоста на своите соседи“.

„Според мене, „Запад“ е можност за Русите да покажат дека се приврзани на безбедноста и стабилноста во Европа. За тоа е потребно да се обезбеди транспарентност на воените вежби со поканување на медиуми и набљудувачи“, изјави Хоџис, додавајќи дека треба да има повеќе набљудувачи отколку што е предвидено со Виенските документи, пренесува „Ројтерс“.

Според зборовите на Хоџис, тоа е потребно за да се демонстрира транспарентноста на маневрите. Според него, тоа многу важно, затоа што ќе ја намали „определената загриженост“ на руските соседи.

Претходно претседателката на Литванија Далја Грибаускајте ги нарече планираните заеднички воени вежби на Русија и Белорусија „Запад 2017“ „демонстрација на подготовката“ на овие земји за војна со Западот. Белорусија истакна дека претстојните маневри не претставуваат никаква закана.

Како што истакна министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, при маневрите ќе биде земена предвид ситуација на границите на Сојузната држава, поврзана со пораст на активностите на НАТО, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња