„Белите шлемови“ повторно фатени со лажно видео

Организацијата „Бели шлемови“ повторно беше фатена со лажно видео – некомерцијалната општествена организација „Шведски лекари за човекови права“ (Swedish Doctors for Human Rights, SWEDHR) утврди дека „шлемовите“ употребиле детски труп во видео во кое му „помагаат“ на едно на дете.

Во февруари „Хјуман Рајтс Воч“ ги наброја „сомнителните“ случаи со напади со хемиско оружје во Сирија. На списокот се најдоа и „напади“ за кои соопштуваа „Белите шлемови“. Притоа „шлемовите“ дури и презентираа видеозаписи, пренесува „Взгљад“.

Претседателот на SWEDHR професор Марчело Феррада де Ноли даде видео од „Белите шлемови“ на експерти. „Шлемовите“ тврдеа дека на снимката се забележани последиците од априлскиот напад во Сармин во провинцијата Идлиб во 2015 година.

Де Ноли побарал да се обрне посебно внимание на моментот кога на едно од децата кои ги „спасуваат“ му даваат „адреналинска инјекција“. Се покажало дека „шприцот беше празен или пак неговиот раствор никогаш не беше инјектиран во детето“. Ако детето било сѐ уште живо, тоа би можело да умре од самиот „третман“.

Притоа се потенцира дека SWEDHR не ја обвинува организацијата за убиства, како што се тврди во материјалот на  Veterans Today. За „убиствата“ пишуваа и други медиуми, вклучително и руски, повикувајќи се на ова издание.

SWEDHR нагласува дека никогаш не ја обвинувала организацијата „Бели шлемови“ за „убиство на деца“, јасно одбирајќи ги формулациите при објавувањето на своите заклучоци направен врз база на видеоматеријали.

Исто така, SWEDHR изјавува дека статијата ги презентира заклучоците на професорот де Ноли.

Претседателот на Сирија Башар Асад претходно изјави дека „Белите шлемови“ се приврзаници на терористичката група „Ал Каеда“.

Британскиот филм „Бели шлемови“ во 2017 година доби „Оскар“ во категоријата „Најдобар краткометражен документарен филм“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња