Лавров: Да се открие вистината за одлуката на САД за нападите врз Сирија

Руската страна има намера да бара откривање на вистината за донесувањето на одлуката на САД за воздушните напади врз базата во Сирија во која загинаа луѓе, изјави шефот на Министерството за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Лавров истакна дека дејствијата на САД им нанесуваат штета и на онака поткопаните односи меѓу Москва и Вашингтон, сепак, тој изрази надеж дека „овие провокации нема да доведат до неповратни резултати“, пренесува „Взгљад“.

Министерот истакна дека САД не се мачеа да презентираат какви било докази со кои се потврдува фактот за хемиски напад во сирискиот Идлиб, повикувајќи се само на фотографии и шпекулирајќи со деца и сведоштва на разни невладини организации, вклучувајќи ги и „на сите познатите измамници од таканаречените „Бели шлемови“, кои се занимаваат со инсценирање на различни ситуации, за потоа да провоцираат акции против сириската влада“.

Лавров истакна дека дејствијата на САД во Сирија потсетуваат на ситуацијата со инвазијата на Ирак. Рускиот министер потенцираше дека воздушниот удар на САД претставува „чин на агресија под лажен изговор“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња