ЕУ загрижена од растот на влијанието на Русија и Турција на Западен Балкан

Лидерите на десничарските партии на Европската Унија сметаат дека е потребно да се зајакне поддршката на проевропското расположение во земјите од Западен Балкан со цел да се спречи зајакнување на руските и турските позиции во регионот.

Лидерите на европските десничарски политички сили во текот на годишниот конгрес на Европската народна партија истакнаа дека Европската Унија не треба да западне во „замор од проширувањето“, соопштува EURACTIV. Брисел треба да ги поддржува аспирациите на земјите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ за да се задржи проевропското расположение во регионот.

Во овој контекст европските десничари изразија загриженост за порастот на влијанието на Русија и Турција на Западен Балкан, како во политичката, така и во финансиската сфера. Притоа тие истакнаа дека еден од инструментите на Москва и Анкара за зголемување на своето влијание во регионот се кампањите за дезинформација.

„Ако се колебаме или доцниме во забрзувањето на нивното зближување (на државите од Западен Балкан) со нас), другите нема да се колебаат и ќе ги отуѓат од ЕУ“, истакна хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека неговата земја претставува „порта на Балканот“ и гледа „секој ден како руското, турското и американското влијание расте, додека европското се намалува“. Според него, „дестабилизираната Украина и зовриениот Балкан“ покажуваат дека ЕУ се соочува со „криза на надворешната политика“. Во овие услови тој смета дека е неопходно да се забрза приемот на Македонија и Србија во Европската Унија, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња