Еврокомесарот Хан: Русите само малку нѐ нервираат

Русија е на Балканот само воен, но не и економски фактор, изјави европскиот комесар за проширување и политика кон соседите Јоханес Хан.

„Русите само малку нѐ нервираат и тоа е сѐ што прават“, изјави Хан во интервју за виенски „Стандард“ и наведе дека ЕУ би требала да има повеќе самодоверба и да се занимава со нивното влијание, но не и да стои како „зајак пред змија“.

На прашањето колку е важно Западен Балкан да биде помалку зависен од руските енергенси, Хан одговори дека зависноста од руските енергенси е зачудувачки ниска.

„Во Србија се работи само за десет отсто од вкупната потрошувачка. Тука повеќе се креира некаков имиџ. Во Србија најголем инвеститор е Австрија, инвестираше четири пати повеќе од Русите. Русија е само воен, но не и економски фактор и на тоа мора да се укажува“ потенцираше Хан.

Тој изјави дека загриженоста на ЕУ за Балканот не произлегува од влијанието на Русија, туку поради етничките тензии и нестабилноста.

„Јасно е дека нестабилноста може да биде поттикнувана и од трети страни од различни краишта и канали. Тоа само понатаму ја поттикнува „домашната нестабилност“. ЕУ има интерес во своето непосредно соседство да владее стабилност. Поради тоа ние, како ЕУ, независно од политиката на американските власти, ќе бидеме предводничка во грижата за Западен Балкан“, порача Хан, пренесува „Спутник“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња