Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон повика НАТО да дискутира за тоа каков одговор може да даде на „руската агресија“, пишува германскиот магазин „Фокус“. Експерт за Русија Штефан Мајстер на ова гледа како момент на пресврт во односите меѓу Вашингтон и Москва.
Според него, тонот меѓу двете земји се заостри. Американската администрација не е насочена кон добри односи со Русија - поради внатрешниот притисок за неа на прво место е важно да покаже цврстина и да најде јасни зборови за Москва, смета Мајстер.
Според експертот, Кремљ првично решително да ги негира сите прекори и обвинувања, а во иднина поостро ќе одговара на изјавите на американската администрација, и уште појасно ќе ја изразува својата позиција. „Но, Путин нема да презема никакви воени чекори. Москва знае дека во однос на Русија, Трамп се наоѓа под сериозен внатрешнополитички притисок и неговата реторика треба да се заостри“, истакнува експертот.
Според него, Кремљ досега реагираше на обвинувањата за сајбер-напади релативно спокојно и резервирано, бидејќи се надеваше на подобрување на односите. Изјавите на Тилерсон може да бидат пресвртна точка, ако ги следи пожесток одговор, смета Мајстер.
Во исто време, тој потенцира дека сѐ уште не е дојдено време за значително зголемување на контингентот и јакнење на НАТО на границата со Русија: Трамп не сака да инвестира во воената индустрија во Европа - тој се фокусираше на Кина. Ќе мора да покажува цврстина само ако тензиите продолжат да растат, вели германскиот експерт.
Според него, пролетта во односите меѓу Москва и Вашингтон помина, а надежите за зближување се покажаа како неосновани. Владимир Путин сега се соочи со фактот дека Трамп може да биде пожесток од Обама и значително го намали нивото на очекувањата во надворешната политика. Во исто време опасноста за Русија од страна на Трамп е релативно мала, засега претседателот на САД не е загрижен за демократизацијата и се фокусира на Кина, убеден е Мајстер.
Тој исто така истакнува дека Трамп не реагира на вообичаената реториката за прашањето на нуклеарното оружје и за контрола на оружјето, а тоа предизвикува несигурност, вклучително и во Кремљ. Никој не знае како тоа понатаму ќе се развива, истакнува Мајстер во интервју за „Фокус“, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче