МНР на РФ: На Русија фактички ѝ се наметнува конфронтативна парадигма

Министерството за надворешни работи на Русија го коментираше заседанието на советот на НАТО на ниво на министри за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата што се одржа во Брисел на 31 март.

МНР на РФ истакнува дека заседанието со учество на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон требаше „да ја потврди цврстината на трансатлантската поврзаност, за која се појавија сомнежи со доаѓањето на новата американска администрација“.

Во коментарот се вели дека за да се задржи единството на една таква структура како што е НАТО, потребен е „силен обединувачки мотив“ , за кој „министрите на НАТО, како што следува од нивните коментари“, не мораа „долго да го бараат“.

„На ум тие секогаш имаат едно и исто: митот за „руската закана“, клеветата за „руската агресија“ и бесконечните мантрања за потребата од „колективно спротивставување“, се истакнува во изјавата на сајтот на МНР на Русија.

Руското министерство истакнува дека во наведената ситуација на Русија фактички „ѝ наметнуваат конфронтативна парадигма на односите, заснована на логиката на воена конфронтација“.

Претходно МНР на Русија ги коментираше и зборовите државниот секретар на САД Рекс Тилерсон за „руската агресија“, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња