Порошенко повика на пожестоки антируски санкции

Претседателот на Украина Петро Порошенко повика на пожестоки антируски санкции поради признавањето од страна на Москва на документите на самопрогласените Донецка и Луганска народна република.

„Од гледна точка на меѓународното право, тоа веќе претставува елемент на признавање на тие незаконски формации и де факто откажување од минскиот процес, затоа што тие дејствија се некомпатибилни со имплементацијата на „Минската спогодба“, изјави Порошенко на средбата со европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидес.

Како што изјавија од прес-службата на украинскиот претседател, Стилианидес соопштил дека ЕУ продолжува да го поддржува Киев, пренесува РИА „Новости“.

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за признавање во Русија на документи, издадени на државјани на Украина и на лица без државјанство кои живеат на териториите на одделни реони на Донецката и Луганската област, до политичко регулирање на ситуацијата во тој регион.

Министерството за надворешни работи на Русија потенцираше дека Москва притоа „се раководеше исклучително од хуманитарни побуди“, а указот ќе важи до реализација на „Минската спогодба“:

Рускиот дипломатски ресор истакна дека указот во целост соодветствува на меѓународното право, кое не забранува признавање на основни документи, неопходни за реализација на правата и слободите на граѓаните, издадени од власти кои не се меѓународно признаени.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња