„Хуриет“: Русија и Турција се обидуваат да избегнат нова криза

По неодамнешниот инцидент, во кој во воздушен напад на руската авијација беа убиени тројца турски војници, Москва и Анкара се обидуваат да избегнат криза, пишува „Хуриет Дејли Њуз“. Засега, како што се истакнува во статијата, Русија и Турција успеваат да го задржат спокојството во билатералните односи.

Русија и Турција го задржуваат спокојството во односите откако на 9 февруари како резултат на руски воздушен напад во близина на градот Ал Баб во северна Сирија беа убиени тројца турски војници, пишува „Хуриет Дејли Њуз“. На тој начин, истакнува весникот, Москва и Анкара се обидуваат да избегнат криза.

Во меѓувреме, руската страна изјавува дека воздушните напади кои таа ги изврши беа врз основа на координатите обезбедени од страна на турската војска. Турската војска категорично го негираше ова. 

„Нашата војска во текот на нападите против терористите се водеше според координатите кои ни беа доставени од страна на турските партнери. И во рамките на овие координати не требаше да има турска војска“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Покрај тоа, Песков изјави дека за наредниот месец е планирана посета на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Москва. Со тоа портпаролот на рускиот претседател јасно стави до знаење дека неодамна обновените односи меѓу двете земји не настрадаа поради инцидентот.

Турската војска, пишува „Хуриет Дејли Њуз“ повикувајќи се на соопштението на Вооружените сили на Турција, во последно време редовно ги споделува информациите со руските колеги во врска операцијата „Штитот на Еуфрат“. Оваа размена на податоци се врши во рамките на договорот потпишан на 12 јануари оваа година со цел да се избегнат воени инциденти меѓу двете земји, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња