Песков ја објасни причината за нападот на ВКС РФ врз турските војници

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека Анкара и Москва се согласни дека нападот бил ненамерен.

Москва и Анкара немаат разногласие во однос на причините за инцидентот во Сирија во кој загинаа турски војници. Страните се согласуваат дека нападот на ВКС РФ бил ненамерен и се случил поради неусогласеност во доставувањето на координати до руските ВКС, изјави Кремљ.

„Што се однесува до причините, причините се јасни. Тука нема спор... Ситуацијата е очигледна: за жал, нашите војници во текот на нанесување напади врз терористите се раководеле според координатите кои им биле предадени од турските партнери, во границите на тие координати не требало да има турски војници“, изјави портпаролот на претседателот на РФ, пренесува „Интерфакс“.

„Токму затоа се случија тие ненамерни напади“, додаде тој.

На прашањето да прецизира дали првично нападот е грешка на турското разузнавање, Песков одговори: „Тоа е неусогласеност во доставувањето на координатите, така би го формулирал тоа“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња